11.8 C
Скопје
14:04 - 30 март, 2026

(Фото) Прв божиќен говор на кралот Чарлс Трети, во спомен на неговата мајка: Еве зошто е облечен во светла облека

Кралот Чарлс III од Велика Британија го сними првото божиќно обраќање до нацијата во капелата Сент Џорџ во замокот Виндзор, местото на погребување на Елизабета Втора.

Британците ќе го видат првото божиќно обраќање на Чарлс Трети, кое ќе се емитува на телевизија, на 25 декември во 15 часот.

На фотографијата направена за време на снимањето, кралот на Велика Британија се појави во син костум со марамче во џебот, бела кошула и вратоврска со дискретен цветен принт за да одговара на костумот.

Според кралските експерти, појавата и говорот на синот на Елизабета Втора треба да се смета како почит кон мајката, која верувала дека најдобриот начин да предизвика доверба кај луѓето е да се биде виден, односно да се појави и да се обрати на народот, но при тоа да се биде облечен во светла облека.

Инаку, Чарлс Трети првото божиќно обраќање до нацијата ќе го одржи стоејќи, додека Елизабета Втора тоа го правеше седејќи во Бакингемската палата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

 

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо
Се вчитува....