15.8 C
Скопје
11:42 - 5 ноември, 2024

(Фото) Преубавата внука на принцезата Дијана се oмажи: Еве каде се одржа свадбата

Лејди Амелија Спенсер (30), внука на покојната принцеза Дијана се омажи, неполни три години по свршувачката со Грег Малет (30).

инстаграм

Лејди Амелија Спенсер рече „да“. Манекенката, внука на Лејди Дијана, се омажи за своето момче Грег Малет кој ја запроси пред три години.

Церемонијата се одржа во Јужна Африка, срцето на Амелија, каде убавицата помина добар дел од своето детство откако нејзините родители, Чарлс Спенсер и Викторија Ајткен се разведоа.

Амелија, всушност, со нејзината близначка Елиза, нејзината постара сестра Кити и најмладиот од куќата Луис, пораснаа во Кејп Таун и отсекогаш сонувала да ја прослави својата венчавка во земјата која отсекогаш била дом за неа. И така беше.

Церемонијата се одржа на поранешната фарма Ла Кот која датира од 1698 година, во која сега се наоѓа одморалиште, во градот Франшхук, на околу 75 километри од Кејп Таун.

Не протече никаква индикреција за фустанот на невестата или за забавата, а фотографиите (засега) останаа строго доверливи.

Она што е сигурно е дека не било нешто особено претерано: Ла Кот фармата може да прими најмногу 102 гости.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Greg Mallett (@gregmallett)

Само пред неколку дена Дејли Меил пишуваше дека венчавката би можела да се одржи во Алтроп Хаус во Нортхемптоншир, каде што е погребана принцезата Дијана.

Ваквите гласини ги подгреа самата манекенка.

– Тоа е дом на нашите предци и наш семеен дом со генерации. Тешко ми е да замислам подобро место за стилска свадба – изјави претходно Амелија во интервју за неделникот Хелоу.

– Јас сум страсна личност, како мојата покојна тетка, верувам дека оваа особина ја наследив од неа – откри манекенката во истото интервју.

Претходно пак, нејзиниот вереник Грег сподели заедничка фотографија на Инстаграм со натпис: „Уште малку“, со што јасно стави до знаење дека се подготвуваат за венчавката.

Тие се во врска 14 години, а се верија во јули 2020 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Greg Mallett (@gregmallett)

Инаку, Амелија и нејзината сестра близначка Елиза пораснаа во Јужна Африка, а и двете се занимаваат со манекенство. Откако нивните родители се разведоа, тие поминаа дел од времето со нивната мајка Викторија Аиткен во Јужна Африка, а дел од времето со нивниот татко, кој се врати во Велика Британија.

 

Слични објави

(Видео) Објавено првото видео од повикот на Диди во затвор: Децата му го честитаа роденденот

Еспресо

(Фото) Деми Мур откри за кого гласала во Америка, Северина се јави, еве што ѝ напиша

Еспресо

Цеца брутално искрена за затворските денови: „Ми смрзнаа коските во ќелијата, не јадев со денови“

Еспресо

Хороскоп за 5 ноември: Близнаците ќе привлекуваат со својот шарм, Стрелците ќе доживеат љубовна авантура

Еспресо

(Фото) Исончани и заљубени: Мина јавно му порача „те сакам“ на Огњен Амиџиќ

Еспресо

Петар Грашо искрено: „Јас не сум многу дома, Алба и Тони ќе бидат мамини деца“

Еспресо
Се вчитува....