5.8 C
Скопје
03:36 - 1 април, 2026

(Фото) Преубавата Ноелија Војгт стана Мис на САД 2023: Американка со венецуелско потекло

72-от избор за Мис на САД се одржа во луксузното одморалиште Гранд Сиера во Рено, Невада. Ноелија Војгт од Јута ја освои титулата Мис на САД за 2023 година. Второто место го зазеде Савана Ганкевич, а третото Алексис Луманс, објави прес-службата на изборот за Мис на САД.

Војгт (23) победи 50 други натпреварувачки во конкуренцијата. Во финалето на натпреварот учествуваа само пет девојки – Војгт од Јута, Ганкевич од Хаваи, Јасмин Даниелс од Пенсилванија, Лувија Алзате од Тексас и Алексис Луманс од Висконсин. Традиционално, натпреварувачките продефилираа во костими за капење и вечерни фустани.

инстаграм

На прашањето со што ќе придонесе како Мис на САД во последниот круг прашања и одговори, Војгт изјави дека е „двојазична Венецуелка-Американка“ и вети дека ќе се поврзе со различни заедници низ Соединетите држави.

инстаграм
инстаграм

Целта на натпреварот не беше само да се одреди најубавата девојка во Соединетите Американски Држави за 2023 година, туку и да се понуди „модерна и прогресивна слика за 70-годишната традиција“, рече претседателката и извршна директорка на организацијата Мис САД, Лејла Роуз. .

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....