3.8 C
Скопје
22:36 - 20 декември, 2024

(Фото) Пред Моника Белучи, уште една убавица беше муза на Тим Бартон: Лиза Мари, најголемата љубов на ексцентричниот режисер

Романсата на италијанската убавица, глумицата Моника Белучи и ексцентричниот американски режисер Тим Бартон одекна овие денови низ светот.

Знаејќи речиси се за миленичката на филмските фанови, Белучи, се свртуваме да се присетиме на љубовниот живот на Тим Бартон. А неговиот љубовен живот би бил незамислив да не се спомне неговата длабока врска со моделката и актерка Лиза Мари, која воедно беше и негова муза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DEBORAH MARQUIT (@deborahmarquit)

Таа беше свршена со него од Денот на вљубените од 1993 до 2001 година и се појави во мали улоги во повеќето негови продукции направени во тоа време. Бартон ненадејно ја прекина нивната врска по премиерата на Планетата на мајмуните во 2001 година, филм кој тој го режираше.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 6 e mezzo | Cinema (@6emezzo)

„Таа беше католичката ученичка од Њу Џерси која седеше покрај прозорецот, зјапајќи во облаците. Три илјади милји подалеку, тој беше чудното дете на училиштето во Јужна Калифорнија. Осамено момче со темни очи, без место за него во растрчаниот свет. Кога се сретнаа, во гласниот и преполн њујоршки клуб на ден пред новогодишната ноќ во 1991 година, Тим Бартон беше веќе дел од Холивуд. Лиза Мари беше поранешна манекенка на Келвин Клајн која подоцна стана актерка. Од првата средба до разделбата, тие ретко се разделуваат. Впрочем, тие си беа взаемно-сопствени музи – еден на друг”, раскажува Џо Родс за длабоката романса на Бартон и Лиза Мари, која заврши ненадејно, по одлука на Тим, во 2001 година, но која се спомнува до денес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @emma_knatzer

„Тим веднаш ме привлече. Мислев дека тој е најзгодниот маж кој сум го видела. Имаше нешто многу мистично во него, а јас се поврзав со него на многу длабоко ниво што е тешко да се објасни. Како повеќе го запознавам со текот на годините, така љубовта продолжува дшеа расте. Не станува лош, ниту стар, ниту досаден. Едноставно станува повозбудлив. И сѐ повеќе и сѐ подлабоко“, се сеќава Лиза Мари на Тим.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Noelle Fraerman (@noellefraerman)

„Прекрасната работа кај Тим е тоа што тој е првата личност со која сум била. Тој сака да ме гледа како напредувам и како правам големи креативни работи во мојот живот. И јас го чувствувам истото за него. Сакам да поддржам сè што прави“, продолжува таа , а во друго интервју вели – „Нашата љубов е многу старомодна“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Muses of Cinema (@moviemuses)

„Имав чувство дека сум ја запознал уште многу порано. Се чувствувам како да сум ја видел млада на возраста која што беше, а потоа стара, како да се измешани годините – сѐ во едно. Тоа беше како чуден вид на халуцинација. Беше навистина длабоко и силно чувство“, вака пак своевремено раскажа Тим за односот и љубовта со Лиза Мари.

инстаграм

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Muses of Cinema (@moviemuses)

„Кога нешто навистина длабоко се чувствува, нема вербален начин да се опише. Тоа е само целосно чувство“ рече Бартон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @softnostalgias

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....