21.8 C
Скопје
15:04 - 27 септември, 2026

(Фото) Погледнете го ценовникот на „безобразно“ скапата облека на Александра Пријовиќ: Илјадници евра за фустани, чанти, чевли и козметика

Александра Пријовиќ ја воодушеви својата публика и модните познавачи со своите комбинации на турнејата „Од истока до запада“.

Иако Прија најмногу носеше модели од модната куќа „Александар Меквин“, на неколку концерти беше стилизирана во „Версаче“ од глава до пети.

Таа на еден од концертите носеше волнен фустан „Александар Меквин“ со кристали кој го плати 12.523 евра и чизми со кристали од истиот бренд за 8.750 евра.

На сите им падна во око розовиот костум на Версаче, чија цена е неверојатни 2.750 евра. Така Прија за сакото издвоила дури 1.990 евра, а за панталоните 750.

Пејачката Александра Пријовиќ на својот петти и последен концерт во загрепската Арена носеше асиметрични обетки од нејзиниот омилен бренд, кои чинат 959 евра.

Таа во Загреб носеше „Барбери“ обетки со кристали во форма на бел цвет, кои чинат 250 евра.

Пејачката носеше сандали „Џузепе Зеноти“ од 790 евра и фустан од нејзиниот стилист од Ателје Тијана Тодоровиќ кој чини околу 3.000 евра.

Прија на четвртиот концерт во Арената во Загреб носи плишани платформи на „Сен Лоран“ од 945, како и фустан од Тијана Тодоровиќ кој чини околу 3.000 евра.

Пејачката се погрижила да изгледа беспрекорно на сцената, па се погрижила и за шминката која морала да биде квалитетна за да остане стабилна во текот на целиот концерт.

Така ја искористила нијансата Pillow Talk која чини 34 евра и молив за усни – 72 евра.

Дека Прија обожава скапи брендови покажа на еден настан во Белград, кога пред медиумите се појави во лежерна „Сен Лоран“ комбинација. Така во преден план беше црното боди од тул, кое пејачката го спои со фармерки со висок струк. Таа преку рамениците облече црна предимензионална јакна „Сен Лоран“ од 2.500 евра, а изгледот го комплетираше со модни додатоци од луксузната модна куќа.

На нозе го носеше популарниот модел на чизми „Ники“ кои на веб-страницата „Сен Лоран“ чинат 1.190 евра. Станува збор за ниски шилести чизми направени од јагнешка кожа.

Пријовиќ имаше и мини верзија на црната кожна чанта „Sac de Jour“ од 1.950 евра, а изданието го заокружи со неколку пристојни парчиња накит и огромен шал од 500 евра.

Слични објави

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо

Сашко Коцев и Смиљана прославија 14 години брак – Актерот ја запроси својата сакана пред преполната Универзална сала

Еспресо

Хороскоп за 27 септември: Раковите ќе најдат сигурност во тивка поддршка, Девиците ќе средат нешта што долго им тежеле

Еспресо

„Срам да ти е, таква жена да изневеруваш!“: Повозрасна госпоѓа го пресретнала Иван Босиљчиќ на улица и го навредувала

Т.Ц.

Понекогаш најважната промена ја забележува некој друг: Даниела почна да слабее, сакаше да се откаже, а нејзината ќеркичка ја потсети зошто треба да продолжи

Еспресо

Сузана Јовановиќ одби да зборува за односот со Лепа Брена: „Навистина не сакам, нема потреба“

Е.А.
Се вчитува....