9.8 C
Скопје
13:08 - 1 април, 2026

(Фото) Одат под нож: Овие српски пејачки решиле да се откажат од своите бујни гради

Многу српски познати дами се подложиле на операција за зголемување на градите, меѓутоа,  пејачките Вики Миљковиќ, Јана, Гоца Тржан и Драгана Мирковиќ планираат да ги намалат градите коишто мајката природа великодушно им ги подарила.

Јана Тодоровиќ е сопственичка на најголемите природни гради на сцената, но не крие дека нејзината бујна биста ѝ предизвикува сериозни здравствени проблеми.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Todorovic (@janavip2011)


– Поради големиот обем и тежината на градите, имам проблеми со ‘рбетот. Меѓутоа, доколку би го оперирала ‘рбетот, за кратко време повторно би имала проблеми поради обемот. Според советот на лекарите, ќе бидам принудена да ги намалам, што воопшто не му се допаѓа на мојот сопруг. Тој нема да ми дозволи да го направам тоа, а јас би ги намалила целосно! Дури тогаш би изгледала и послаба – рекла Јана и додала дека нејзините облини ја попречуваат во секојдневниот живот.

– Би сакала да сум рамна како штица! Обожавам да спијам на стомак, но тоа е невозможно бидејќи имам балони наместо гради. Се сеќавам дека имаше дебата дали ставам силикони или не, но кога луѓето се убедија дека се природни, почнаа да се шират комплименти. Сите освен мене мислат дека тоа е одлична работа. Всушност, тоа најмногу му одговара на мојот сопруг, кој ужива во нив и сака што сум надарена.

Гоца Тржан отсекогаш била поддржувач на естетските процедури, но како што вели, вештачките гради не се нејзин избор.

Instagram
Instagram

– Понекогаш навистина им завидувам на жените со мали гради, тие немаат поим колку се среќни. Не ми требаат вештачки гради, не знам што ќе правам со овие природните. Тоа не ми се допаѓа и не е моја естетика. Немам ништо против естетските процедури, секогаш сум за жена која изгледа убаво. Тоа е доволно – рекла Тржан.

Вики Миљковиќ верува дека убавината доаѓа однатре и дека најважно е да се чувствувате убаво во сопствената кожа.

– Не сум вградила нови гради, ова се моите природни. Не ми требаат поголеми, дури размислувам да ги намалам. Важно ми е да се чувствувам добро во сопствената кожа и да зрачам со самодоверба. Жените често мислат дека мора да променат нешто кај себе за да бидат среќни, а јас велам дека само треба да се сакаат себеси – изјавила неодамна фолк пејачката.

И покрај желбата да го коригира деколтето, Драгана Мирковиќ вели дека преовладал стравот од операција, па се откажала од идејата.

– Порано сакав да ги намалам градите, но се откажав. Се плашам од операција и нож и никогаш не го надминав тој страв. Гледам дека во денешно време трендот е градите да се направат што е можно поголеми, но верувајте ми, отсекогаш сакав да ги намалам – открила неодамна Драгана Мирковиќ.

 

 

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....