-3.2 C
Скопје
02:46 - 19 февруари, 2026

(Фото) Нејмар повторно стана татко: Ја изневеруваше бремената девојка, па преку Инстаграм ја молеше за прошка, сега добија ќерка

Славниот бразилски фудбалер Нејмар доби ќерка со својата девојка Бруна Бјанкарди.

Фудбалерот се пофали на Инстаграм дека повторно станал татко и објави неколку заеднички фотографии со Бруна и неговата преслатка наследничка.

“Нашата Мави пристигна да ни ги потполни животите. Веќе те сакаме, ти благодариме што нѐ избра”, напиша гордиот татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BRUNA BIANCARDI (@brunabiancardi)

Нејмар пред неколку месеци се најде во центарот на скандал, бидејќи беше обелоденета приказната за неговото неверство. Фудбалерот, познат по забавите и „дружењето“ со атрактивни убавици, се најде во центарот на вниманието на јавноста откако беше објавена веста дека ја изневерил својата избраничка Бруна, која тогаш била бремена.

По бурата која се крена во јавноста, бразилската суперѕвезда реши јавно да ѝ се извини на Бруна за своето однесување.

„Сето ова се случи со луѓе кои се посебни во мојот живот. На жената за која сонував дека ќе биде покрај мене, мајката на моето дете. Ова беше удар за твоето семејство, кое сега е и мое семејство. Беше повредена нашата интимност во толку посебен момент како мајчинството. Бру, веќе се извинив за моите грешки, но чувствувам потреба да го направам тоа вака, јавно. Приватната работа стана јавна и затоа извинувањето треба да биде јавно“, напиша тогаш Нејмар и додаде:

“Не можам да замислам да не те имам покрај мене. Не знам дали меѓу нас ќе успее, но денес сум сигурен дека сакам да се обидам. Љубовта кон нашето бебе ќе победи, а љубовта што ја имаме еден со друг ќе нѐ направи посилни. Засекогаш ние. Те сакам“, напиша Нејмар на Инстаграм.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....