23.8 C
Скопје
14:35 - 29 септември, 2026

(Фото) „Не сте свесни што може Господ да ви направи!“: Овие познати Србинки ја поддржаа Северина откако ѝ беше одземено старателството над синот 

Врховниот суд во Хрватска ѝ го одзеде старателството на пејачката Северина Вучковиќ над синот Александар.

Оваа установа ја поништи претходната одлука на Жупанискиот суд во Сплит, според која старателството над момчето беше поделено меѓу мајката и таткото, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.

Сега, меѓутоа, целосното старателство му припадна на Поповиќ, а Северина се огласи на Инстаграм со емотивна објава, заедно со серија графити фотографии на која се таа и нејзиниот син.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Таа доби голема поддршка од нејзините колешки од регионот, како и од нејзините бројни следбеници на социјалните мрежи и нејзините обожаватели.

Српската пејачка Сека Алексиќ упати јавна порака до Северина во својата приказна на Инстаграм.

„Немојте никогаш да допрете нечија мајка! Не сте свесни што може Господ да ви направи!“, напиша Сека и ја означи Северина во својата објава.

Под емотивната објава на Северина се нижеа коментари, а покрај колешките од Хрватска и бројни познати Србинки ѝ дадоа до знаење дека се со неа во форма на емотикони и лајкови. Меѓу нив се Милена Радуловиќ, Ана Ѓуриќ Констракта, Емина Јаховиќ, Милица Тодоровиќ, Маријана Миќиќ, Весна Ѓогани, Слобода Миќаловиќ, Софија Милошевиќ и други.

Слични објави

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо
Се вчитува....