7.8 C
Скопје
22:38 - 31 март, 2026

(Фото) „На Северина итно ѝ треба помош“: Јелена Карлеуша ја „поплука“ новата песна на Севе

Хрватската пејачка Северина објави песна со интересно име „Пумпај, Севе брате“, а на социјалните мрежи откри дека има за цел да ги охрабри жените со нагласување на машките слабости.


– Драги мои, јас ги напишав текстот и музиката за песната „Пумпај, Севе брате“, а драгиот Звонимир Хорват направи аранжман во ромски ритам, кој го комбинираше со мојата поп мелодија. „Пумпај“ е извик што носи енергија, ритам и став – често се користи во музиката, спортот и на журките како повик за акција или за подигнување на атмосферата.

Во секојдневниот говор, може да значи и „туркај понатаму“, „не запирај“ или „дај гас“ – без разлика дали станува збор за забава, работа или емоции. Во оваа песна, „пумпај“ има ново значење – тоа е женски повик за собирање против пасивните, лажни и незрели мажи. Тоа е збор што го носи ритамот на Балканот – гласен, духовит, повеќеслоен и секогаш полн со живот.

Не е познато дали песната е инспирирана од вистински настани, но едно е сигурно: „Ако ти е гајле — пумпај. Ако си фраер — признај. А ако не си — благодарам, следниот“, напиша Северина на Фејсбук.

Новиот хит на Северина го коментираше и српската пејачка Јелена Карлеуша на социјалната мрежа Икс, која порача дека песната е „cringe“ и дека на Севе итно ѝ е потребна помош.

„Она што го сними Шизо Северина не е ниту кринџ. Многу вознемирувачки. Мислам дека луѓето во Хрватска треба некако да ѝ помогнат“, открила ЈК.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....