08:52 - 31 октомври, 2026

(Фото) Марија Шерифовиќ пристигна во Србија со синот: „Од утре примаме подароци“

Регионалната поп-пејачка Марија Шерифовиќ неодамна објави вест дека добила син со помош на сурогат мајка. Бројни пријатели и познати личности воодушевено и со многу љубов ѝ честитаа на пејачката за новата улога во животот.

Пејачката периодов не ја крие среќата што е покрај нејзиниот син Марио. Првата објава со бебето го привлече целото внимание на јавноста, а сега Марија откри дека пристигнале во својот дом во Белград и дека наскоро ги очекуваат посетите од сите драги луѓе кои едвај чекаат да ја видат.

– Ајде баби, дедовци, тетки, чичковци, пријатели, браќа и кумови – прифаќаме подароци од утре во 10:00 часот – напиша Марија покрај фотографијата од својот дом.

Инаку, Марија ја чуваше во тајност бременоста на сурогат мајката и информациите за таткото. Пејачката потпишала договор со кој се гарантира тајноста на податоците, па затоа не смее јавно да открива кој е таткото на детето, ниту пак, која е сурогат мајката која го донела нејзиниот син на свет.

Сепак, таа во изминатиов период одлучи да проговори за целиот процес преку кој го добила Марио и зошто се одлучила за сурогат-мајчинство.

Слични објави

Хороскоп за 31 октомври: Ракови, ќе се посветите на семејните проекти

Еспресо

Ѓоле Ѓогани искрено за бракот и имотот: „Се плашам повторно да не се разведам“

E.A.

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.

Сара Јо го прослави 33. роденден со партнерот Алексеј Бјелогрлиќ – тој ја изненади со голема торта

Еспресо

(Фото) Живкица Каленикова ужива во есенскиот Њујорк: Романтично патување со сопругот Зоран

К.С.

Слоба Радановиќ ѝ го честиташе роденденот на сопругата на полноќ: „Среќен роденден, љубов моја“

Еспресо
Се вчитува....