6.8 C
Скопје
18:55 - 3 декември, 2024

(Фото) Маја Глигоровска за верата и за посетата на Острог: Духовиот отец ми ја ублажува болката

Маја Глигоровска, поранешниот модел, а сега наставник во одделенска настава во основното училиште „Браќа Миладиновци“, вели дека е голем верник. Неодамна, Маја се врати од манасатирот „Свети Василије Острошки“ од Црна Гора, и за „Еспресо“ раскажа колку ова место ѝ помага кога ѝ е најтешко.

– Не ми е прв пат да го посетам Острог, манастир со исцелителна моќ, каде најчесто луѓето на Св. Василиј Острошки му се молат за здравје. Бидејќи по посетата на ова светилиште многу болни оздравеле и луѓето посведочиле на секакви чуда кои се возможни само со помош и верба во Бога. Јас се сметам за религиозна бидејќи се будам и заспивам со вера во Бога и неговата воља и молитва за мене и сите мои блиски. Овој последен пат Острог го посетив за крај на богородичните пости. Заминав таму за да си ја смирам душата, да ја почувствувам уште еднаш таа енергија, да преспијам и да присуствувам на утринската литургија“, вели Маја која на социјалните мрежи сподели фотографии од посетата на Острог.

– За мене е благослов секој нов ден кој го живееме, па покрај што одам да се помолам, во црква одам и да се заблагодарам на Бога за сѐ што сум и за сѐ што имам. Особено е важно во црква да одиме и да се залагодариме за сѐ што имаме, а не само да се молиме за она што го посакуваме. Имам свој духовен отец од кој имам многу научено за верата, тоа е отец Михаил од црквата „Св.Јован Крстител“. Секогаш кога сум во можност ја посетувам утринската литургија токму во оваа цркка. Тоа е местото каде ги одморам душата и телото и се подготвувам за сите предизвици кои ми ги носи следната работна седмица. Отец Михаил е човек кој секоја болка со неговата моќ ти помага да ја ублажиш и знае да те научи како треба“, ни раскажа Маја.

При посетата на Острог, таа ја испочитувала традицијата, и испешачила боса до горниот манастир.

– Одењето пеш е традиција се оди од долниот манистир до горниот манастир, бос, пред да влезат во црквата да се молат пред Свети Василиј Острошки“, ни раскажа Глигоровска.

Додека се занимаваше со манекенство, таа беше една од нашите најатрактивни модели, а и сега изгледа одлично и е во совршена форма.

Маја денес е горда мајка на Константино, кој има 16 години, а за себеси вели дека е посветена на својата професија, и строг наставник кога е потребно. Претходно има изјавено дека има одлична соработка со родителите на учениците.

Сега се занимава со манекенство многу ретко, освен кога има добра понуда. Во март годинава, Маја беше дел од јубилејната модна ревија, по повод 20 години од Модната недела во Скопје, заедно со нејзините колеги кои се искусни во оваа професија: Мики и Светлана Црнокрак, Марија Васиќ, Вера Мештеровиќ, Ирена Спировска, Ана Биновска и многу други.

Слични објави

Се разведе од Северина, а сега има нова девојка: Синот на Кеба повторно љуби, пејачот го разоткри

Еспресо

(Фото) Новогодишна елка до таванот: Сопругата на Огњен Амиџиќ ја покажа празничната декорација во станот за кој искешираа 100.000 евра

Еспресо

Наградуваниот хрватски актер пријавен за насилство: Тврдат дека пијан и дрогиран ги навредувал студентите

Еспресо

Палатата објави нови детали за здравјето на кралицата: Камила изгубила сила, отсуствува на сите настани, а еве од што боледува

Еспресо

Цеца конечно ѝ одговори на Сека Алексиќ: Полошите секогаш „лаат“ за подобрите

Еспресо

Милиќ Вукашиновиќ се огласи откако му ја ампутираа ногата: Еве каква е состојбата на рокерот!

Еспресо
Се вчитува....