12:10 - 13 ноември, 2026

(Фото) Тој има 70, таа 31 година: Лазар Ристовски потврди дека е во врска со 39 години помлада колешка

Српскиот актер Лазар Ристовски ги изненади сите кога по 42 години објави дека се разведува од сопругата Даница која му роди два сина. Иако тие двајца изгледаа како хармоничен пар, минатата година објавија дека нивното заедничко патување како пар завршило.

Ристовски сега призна дека повторно е вљубен и ја потврди врската со колешката Аница Лазиќ, а како што пренесуваат српските медиуми, двојката речиси една година ужива во љубовта. Лазар и Аница ја криеја врската од очите на јавноста.

На Инстаграм имаат една заедничка фотографија, а Аница му изјавила љубов на актерот во декември минатата година, но тогаш никој не се ни посомневал дека станува збор за Лазар.

„Те сакам, Л“, напишала Аница пред речиси една година.

Аница има 31 година, а бидејќи актерот има 70 години, Ристовски е 39 години постар од колешката.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lazar Ristovski (@lazar.ristovski)


Ристовски сега за српските медиуми ја потврди врската со младата колешка.

– Вистина е, заедно сме. Не би додал ништо повеќе. Аница ја запознав многу подоцна и нема никаква врска со разводот. Ви благодарам – изјавил Лазар Ристовски за „Блиц“.

Ристовски потоа се огласил и за српски „Курир“, а на прашањето дали планира да се ожени со Аница, мистериозно одговорил:

– Не би имал што повеќе да додадам, сè е кажано – кратко одговорил тој.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anica Lazic (@anicalazicofficial)

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....