7.8 C
Скопје
07:30 - 28 март, 2026

(Фото) Која е новата љубов на Бил Гејтс: Вдовица на богаташ, филантроп, организаторка на настани, а со милијардерот се повеќе од една година

Бил Гејтс беше забележан минатата недела со неговата наводна нова девојка Пола Херд, вдовица на ко-извршниот директор на Oracle и поранешен извршен директор на Hewlett-Packard, Марк Херд.

Тие беа фотографирани додека го гледаа финалето во сингл за мажи на Австралија опен во Мелбурн, Австралија.

Гејтс (67) го финализираше разводот со Мелинда Френч Гејтс (58), со која беше во брак 27 години, во 2021 година.

„Бил Гејтс и Пола Херд се знаеше дека се забавуваат, но тој сè уште не ги запознал своите деца со Пола“, изјави извор за магазинот People.

Близок извор на парот открил за Дејли Мејл дека тие моментално се „неразделни“ и дека сите нивни блиски пријатели знаат за нивната врска.

„Тие се заедно повеќе од една година и таа секогаш беше опишувана како „мистериозна жена“, но за нивниот внатрешен круг не е мистерија дека тие се во романтична врска“, додаде изворот.

Пола е позната по тоа што е филантроп. Таа претходно работеше како технолошки директор, но сега работи како планер на настани.

Бил и Пола се познаваат подолго време, бидејќи имаат некои заеднички пријатели, и биле забележани заедно на Лејвер Купот во О2 Арената во Лондон во септември 2022 година. Неодамна, парот беше фотографиран и како ужива на Австралија Опен во Мелбурн, Австралија и уживајќи во своето време низ градот.

Гејтс има три возрасни деца со неговата поранешна сопруга.

Херд и нејзиниот сопруг беа во брак речиси 30 години пред неговата смрт и имаат две ќерки. Марк Херд (62) почина во 2019 година.

„Марк ја остави неговата сакана сопруга Пола и двете прекрасни ќерки кои беа радост на неговиот живот“ рече тогаш основачот на Oracle, Лери Елисон.

Во интервју за BBC News минатата недела, Бил Гејтс беше запрашан дали е отворен да се заљуби уште еднаш.

„Секако, јас не сум робот“, одговори тој.

 

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....