11.8 C
Скопје
19:00 - 10 март, 2026

(Фото) Клиника „Жан Митрев“ се проширува со оддел стоматологија и нови услуги во центарот за естетска дерматологија

На Клиниката Жан Митрев наскоро ќе почне со работа новиот оддел за стоматологија а центарот за естетска дерматологија е збогатен со нови услуги и апарати.

Во стоматолошкиот центар ќе се практикуваат најсовремените трендови на прецизна дигитална стоматологија. Достапни се сите услуги од областа на ендодонција, отродонција, фиксна и мобилна протетика, орална хирургија и имплантологија. Со помош на најсовремена 3Д технологија, високостручниот тим стоматолози ќе изработува  индивидуален план и ќе ги предлага најдобрите решенија за секој пациент.
Во центарот за естетска дерматологија, искусниот лекарски тим покрај дијагностичките процедури, ќе ги изведува сите зафати од дерматохирургија, медицинска козметологија, мезотерапии и биоревитализации, ботокс, дермални филери, нехируршки лифтинг со Ulthera и популарната дигитална дермоскопија со Fotofinder.


Единствено во Клиника Жан Митрев, во Центарот за естетска дерматологија е достапен најмоќниот и технолошки најнапредниот ласер Nordlys од американскиот премиум бренд Candela. Оваа ласерска платформа овозможува вистинско решение за дерматолошки и естетски проблеми како  трајно отстранување на влакна, брчки, лузни и стрии, хиперпигментации, розацеа, телеангиектазии, хемангиоми, капилари и вени, бенки, брадавици, габични инфекции на нокти и уште многу други.
Центарот за естетска дерматологија е снабден и со хипербарна комора каде се изведуваат кислородни хипербарни терапии кои му помагаат на организмот побрзо да заздрави, зацели и да се регенерира.

Проширувањето на Клиника Жан Митрев ќе продолжи и во други медицински области, со отворање нови оддели со што ќе се зголемат услугите за пациентите и квалитетно на здравствената нега.

Со проширувањето на областите во кои работи и поседувањето на JCI акредитацијата којашто се смета за Златен стандард глобално во поглед на квалитет на услугите и безбедност на пациентите, Клиника Жан Митрев ги подига стандардите на здравствената нега во земјава и го унапредува здравствениот систем во целост.

 Комерцијален текст.

Слични објави

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо

Астро совети за секој хороскопски знак: Како најдобро да ја искористите енергијата на ѕвездите

Еспресо

Сопругата на Дарко Лазиќ бесно возврати: Државата не ни го плати ниту одморот, ниту враќањето од Малдивите!

Еспресо

Јаков Јозиновиќ по скандалот со откажаниот концерт на Цецински: „Ние продолжуваме да шириме љубов“

Еспресо
Се вчитува....