14:22 - 27 ноември, 2026

(Фото) Ќерката на Жељко Митровиќ на црвениот тепих во Кан прошета со најголемите ѕвезди!

Кристина Митровиќ, ќерка на сопственикот на телевизијата „Пинк“, Жељко Митровиќ, често патува на луксузни дестинации од каде што споделува фотографии од прекрасни глетки.

Таа моментално е во Кан, а судејќи според фотографиите и описот на нејзиниот Инстаграм профил, Кристина отишла на познатиот филмски фестивал.

Прво, таа сподели снимки од луксузен хотел, од чиј балкон има поглед на морето, а целиот ентериер е завршен во бели и беж тонови со луксузен мебел.

Потоа Митровиќ покажа како одат подготовките за фестивалот, а покажа и маса полна со шминка и процесот на нејзино уредување. На самиот крај, таа ги изненади обожавателите кога позираше во елегантен црн фустан со следниот опис:

– Подготвени за црвениот тепих! Кан 2025 – напиша Кристина.

Да потсетиме дека нејзината мајка, Милица Митровиќ, неодамна го прослави својот роденден во Лондон, кога нејзиното семејство ѝ приреди прекрасно изненадување. Нејзините ќерки Андреа и Кристина Митровиќ се потрудија тој ден да биде незаборавен. Во хотелската соба, Милица доби две торти за роденден, огромен букет цвеќе и искрена честитка за роденден од нејзината ќерка Андреа, што длабоко ги трогна и нејзините следбеници.

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....