5.8 C
Скопје
06:58 - 1 април, 2026

(Фото) Ќерката на Пол Вокер дел од новото продолжение на „Брзи и бесни“

Медоув Вокер, ќерката на покојниот Пол Вокер, се огласи на својот инстаграм – профил и сподели слика од снимањето на новиот филм „Брзи и бесни“ и нејзиното искуство на сетот.


– Првиот филм  „Брзи и бесни“ излезе кога имав една година! Пораснав на сетот гледајќи ги татко ми, Вин, Џордан, Мишел, Крис и другите на екранот. Благодарение на татко ми, се родив во семејството Fast&Furious. Не ми се верува дека сега ќе можам да бидам дел од франшизата заедно со оние кои ме гледаа како растам, напиша таа во описот на објавата.


Таа му се заблагодари на режисерот на филмот  „Брзи X“, Луис Летериер, за неговата „љубезност, трпение и поддршка“.

– Се чувствувам како да сте дел од семејството од кога започнавме, мило ми е што ова е само почеток, додаде таа.


Таа, исто така, се заблагодари на, како што рече, најдобриот пријател на нејзиниот покоен татко, кој сега е нејзин најдобар пријател, продуцентот Брендон Биртел, додавајќи: „Ова не би било можно без тебе“.


Манекенката на крајот напиша дека е благодарна што имала можност да му оддаде почит на татко ѝ преку оваа улога.

Пол Вокер почина во 2013 година на 40-годишна возраст.  „Furious 7“ беше последниот филм во кој глумеше, а сцените кои не можеше да ги заврши ги презедоа неговите браќа Кејлеб и Коди, чии лица беа заменети со CGI технологијата.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....