9.8 C
Скопје
12:44 - 31 март, 2026

(Фото) Ќерката на Хари и Меган конечно го покажа лицето и – прекрасно е! Првиот портрет на Лилибет Дијана

Лилибет Дијана Маунтбатен-Виндзор, второто дете на принцот Хари и Меган Маркл, конечно го покажа своето лице. И прекрасно е.

Хари и Меган ја споделија првата фотографија на која јасно се гледа малото девојче. На својот Инстаграм профил го објави Мисан Хариман, фотограф и голем пријател на парот, кој портретот го направил на 4 јуни во Фрогмор Котиџ, Лондон, за време на првата роденденска забава на малото девојче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Misan Harriman (@misanharriman)

Црвена коса како тато Хари, светли очи, Лилибет, која сите во семејството ја нарекуваат Лили, беше фотографирана на тревникот на британската резиденција на војводите од Сасекс, каде Хари и Меган организираа „лежерен и интимен пикник со пријателите и семејството“.

Меѓу нив, беше и фотографот Хариман, кој присуствуваше со сопругата и двете ќерки, за што сведочи втората групна фотографија и натписот што ги придружува фотографиите: „Беше голема привилегија да го прославам првиот роденден на Лилибет со моето семејство и со неа! Радост и фотографирање“.

 

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо
Се вчитува....