5.8 C
Скопје
05:11 - 1 април, 2026

(Фото) Кејт Мидлтон се огласи пред утрешното јавно појавување: Терапијата оди добро, има лоши и добри денови

Британската принцеза од Велс, Кејт Мидлтон, денеска изјави дека добро напредува во превентивната хемотерапија, но се уште не е надвор од животна опасност.

„Добро ми е, но како што знае секој кој оди на хемотерапија, има добри и лоши денови. Во лошите денови се чувствувате слабо, уморно и имате потреба да се одморите. Но, во добрите денови, кога се чувствувате посилни, сакам да го извлечам максимумот од тоа добро чувство“, рече Мидлтон во писмената изјава, пред утрешното прво појавување во јавноста откако објави дека боледува од рак.

Таа изјави и дека нејзината терапија ќе продолжи уште неколку месеци и дека се уште не е надвор од животна опасност, но дека со нетрпение чека да присуствува на роденденската парада на кралот Чарлс Трети.

„Учам како да бидам внимателна, особено со несигурностите. Го земам секој ден како што доаѓа, го слушам моето тело и си дозволувам да го одвојам толку потребното време за да заздравам“, рече Кејт.
Писмената изјава беше придружена со нова фотографија на принцезата како стои под дрво на имотот во градот Виндзор, западно од Лондон.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....