15:24 - 3 април, 2026

(Фото) Карлеуша сосема гола! По инцидентот со Душко, направи хаос со провокативна порака: Подобро да одам гола…

Српската поп дива Јелена Карлеуша се најде во центарот на вниманието на јавноста поради инцидент со нејзиниот сè уште законски сопруг Душко Тошиќ во семејната куќа на Дедиње. Таа во саботата рано наутро го пријавила Душко дека физички ги нападнал неа и нејзиниот пријател, поради што реагирала и полицијата, а потоа се огласи на социјалните мрежи.

Карлеуша сега со нова објава ги потресе социјалните мрежи. Таа на својата инстаграм-приказна сподели фотографија на која е целосно гола, а нејзината долга руса коса ги покрива нејзините интимни делови. Преку фотографијата, таа напиша и порака со цел за нејзината борба против носењето животинско крзно.

„Претпочитам да одам гола отколку да носам крзно“, пишува на фотографијата.

Карлеуша е позната како голем побнорник за заштита на животните.

Карлеуша престана да јаде месо и да носи животинско крзно пред шест години, кога почна да ја следи работата на организацијата „Пета“. Таа тогаш дала збор и очигледно го одржала.

„Откако почнав да ја следам Пета, престанав да јадам месо и да носам крзно. Тоа е прв чекор, мал, но е чекор кон подобро човештво. Следното нешто што ќе направам е да најдам начин да избегнам употреба на животинска кожа, да престанам да јадам риба, јајца и млечни производи“, напишала таа на својот профил на Твитер пред неколку години.

Откриена тајната локација на Душко Тошиќ: Еве каде живее поранешниот фудбалер и со кого се гледа! 

 

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.
Се вчитува....