13:50 - 3 април, 2026

(Фото) Канје Вест тајно се оженил: Еве која е новата „невеста“ Бјанка Ценсори

По разводот од Ким Кардашијан (а беше финализиран пред само два месеци), Канје Вест не остана долго време „сингл“.

Американскиот таблоид ТМЗ објави дека раперот направил тајна венчавка со својата нова љубовница Бјанка Ценсори, која работи во неговата модна компанија Yeezy.

Тие неодамна се венчале со многу приватна церемонија за да ја прослават љубовта.

Бјанка Ценсори, Инстаграм

Непосредно пред да стане позната тајната венчавка, Бјанка радикално го сменила имиџот – порано имала долга темна коса, а сега е русокоса со кратка фризура.

Оваа недела, Канје и Бјанка биле забележани на ручек во Валдорф Асторија во Беверли Хилс – фотографијата ја објавија британските портали меѓу кои Пејџ сикс (погледнете ја ТУКА).

Тешко е да се каже кога започнала врската, но упатените тврдат дека Бјанка е со Канје веќе две години, што значи дека имале љубовна романса и додека бил со Кардашијан.

Познато е и дека има високо (архитектонско) образование кое го стекнала на Универзитетот во Мелбурн. Сè уште не е позната точната возраст на Бјанка, но таа завршила средно училиште во 2012 година и дипломирала во 2017 година.

Слични објави

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо
Се вчитува....