9.8 C
Скопје
11:08 - 30 март, 2026

(ФОТО) Како 95-годишната бабичка, која само еднаш го напуштила своето село, заврши во „Вог“

Луце Ѓуратовиќ го исполни сонот на секоја модно освестена жена – нејзините фотографии завршија во „Вог“. 95-годишната бабичка Лусе стана заштитно лице на „Вог“ благодарение на Адам Спенсер Јанг, кој ја запознал во хрватското село Конавле и ја овековечил како изгледа во народната носија која секогаш ја носи.

„Јас ја запознав Луце во нејзиното село во близина на границата со Хрватска и Црна Гора во селото Витаљина. Таа беше во деведесетите и сè уште во жалост по смртта на нејзиниот сопруг, кој починал пред неколку години. Таа е една од ретките локални жени кои сè уште ја носи носијата на Конавле.

Не зборуваше ни збор англиски, но ме пречека со раширени раце. Мојата братучетка Ким Бутиган беше преведувачка и ми кажа дека го напуштила селото само еднаш во животот – кога дошле Италијанците за време на војната. Таа опиша како го издржала тешкиот живот, но брзо потврди дека е среќна“, зборува Јанг за својот модел.

„Ми рече дека тајната на среќата е да бидеш благодарен за она што го имаш, да бидеш благодарен на Бога и да не земаш ништо здраво за готово. Решив да и направам портрет во нејзината градина покрај маслиново дрво – тоа на Луце многу и се допадна. Наводно маслинаѕа е едно од најомилените и најсветите дрвја и симбол на мирот и пријателството. Таа потоа опиша како за неа лично ова дрво го претставува семејството и силата“, вели фотографот.

„На моите патувања запознавам и фотографирам постари луѓе и барам животен совет за мене и за младите луѓе. Целта е да направам традиционална филмска фотографија на темата при природна светлина, во нивната околина или на место кое е или важно или визуелно го претставува нивниот карактер“, заклучува тој.

Слични објави

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо
Се вчитува....