16:14 - 10 ноември, 2026

(Фото) Јована Пајиќ ја одби Шерифовиќ! Марија јавно ѝ се обрати на пејачката со заканувачки зборови

Јована Пајиќ ја одби поканата на Марија Шерифовиќ да ѝ се придружи на концертот што пејачката го планира за Денот на жената.

Иако беше искрена во одговорот, Марија не сакаше да го прифати и реши да се обиде да ја убеди својата пријателка на социјалните мрежи.

Имено, Марија Шерифовиќ на 8 март ќе одржи концерт во престижниот центар „Сава“, а како специјална гостинка ја покани Јована Пајиќ заедно да го испеат популарниот хит „Лудило мое“. Сепак, Јована возврати дека „ја мрази“ и додаде дека не сака да биде „вегета што се меша во сѐ“, ставајќи до знаење дека не е заинтересирана за настап.

 

Иако нејзината покана била одбиена, Марија не се откажала. За да може да ја убеди, пејачката ги повика обожавателите да се вклучат во акцијата и директно да ѝ порачаат на Јована на Инстаграм, барајќи од неа да го преиспита својот одговор. Обожавателите, очигледно, во голем број го послушале повикот на Марија и почнале да ѝ испраќаат пораки на Јована, обидувајќи се да ја предомислат.

– Благодарам за овој жежок компир и блокирани ДМ, не држам лутина, но запомни и возврати – напиша Јована и ѝ се закани на пријателката со фотографија.

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....