09:09 - 13 ноември, 2026

(Фото) Александра Шијакоска наполни 32 години: „Мојот прв роденден како мајка“

Македонската инфлуенсерка Александра Шијакоска секогаш отворено зборува за своите животни искуства, а нејзините родендени низ годините станаа симбол на надеж.

Кога наполни 29 години, со неверување напиша: „Да ми кажеше некој дека ќе се борам со тумор, ќе му се изнасмеев“. Година подоцна, славеше со мислата дека тоа можел да ѝ биде последниот роденден, но сепак, на 30. роденден уживаше на остров во Африка. Лани, 31. роденден го одбележа со голема забава, а годинава нејзиниот 32. роденден има ново значење – првпат го слави како мајка.

„Овој роденден ми е посебен, прв роденден како мајка. Прв роденден како не сум возбудена за мојата дата на раѓање, затоа што сега имам друг ден кој ми значи се на светот.

Како и секогаш желбата е иста, да ми се живи, здрави и на број саканите сега со една плус, да гледам како расте синко и да бидам покрај него“, напиша Шијакоска во описот на роденденската фотосесија, која ја направи фотографката Симоне Калица.

Фото: Инстаграм/Александра Шијакоска
Фото: Инстаграм/Александра Шијакоска
Фото: Инстаграм/Александра Шијакоска

Да потсетиме, Александра Шијакоска и нејзиниот сопруг Едмонд Весели го изговорија судбоносното „да“ пред речиси две години, а станаа родители на синот Ријан во ноември минатата година.

Весели ѝ беше најголема поддршка на Шијакоска додека ја водеше тешката здравствена битка со туморот на мозокот, случај за кој лекарите велеа дека бил еден од најкомплицираните со кои се сретнале.

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....