17:30 - 12 ноември, 2026

(Фото) Јелена Карлеуша се врати на Инстаграм? Не следи ниту една колешка, на списокот се овие 13 луѓе

Српската пејачка Јелена Карлеуша, како што се шпекулира, се вратила на Инстаграм. Музичката ѕвезда наводно направила нов профил на популарната социјална мрежа.

На Инстаграм се појави профилот „Karleusastarnew“, за кој велат дека е на Јелена, а на него има дури 338 објави.

Следбениците цело време пристигнуваат, како и лајковите на објавите, а на листата на која наводната Јелена следи профили – има само 13 луѓе.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastarnew)


Меѓу нив се членовите на семејството, ќерката Ника, таткото Драган, тетката Данијела, и нејзиниот најдобар пријател и ПР Зоран Бирташевиќ е на листата, како и кошаркарот со кого ја поврзуваат, Никола Јовановиќ, како и претседателот на Србија Александар Вучиќ и неколку фан-страници на Јелена Карлеуша.

Овој профил не следи ниту еден од колегите, а дали ситуацијата ќе се промени останува да се види.

Инаку, Јелена Карлеуша сподели неколку фотографии од овој новиот инстаграм-профил на својот официјален фејсбук-профил, што дополнително ги подгреа сомнежите дека ова е нејзиниот нов инстаграм-профил.

Инаку, на Јелена Карлеуша ѝ беа згаснати профилите на Инстаграм и на ТикТок.

 

 

 

Слични објави

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо

„Не можев да посакам подобро“: Ела Дворник објави снимка со својата ќерка и откри убави вести

Еспресо

Искуства на пациент од Клиника „Жан Митрев“: 15 години подоцна – животот е најголемото сведоштво

Еспресо

(Фото) Во бело пред жирито на „Гранд“ — Габриела Ристовска освои пет гласа, а Цеца побара аплауз за скопјанката

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо
Се вчитува....