6.8 C
Скопје
17:10 - 18 декември, 2024

(Фото) Ива Спасовска за „еспресо“: Бурак чекаше да затрепкаат светлата на Ајфеловата кула за да ме побара за жена

Модната дизајнерка Ива Спасовска, на роматичен начин се сврши со својот партнер Бурак, токму пред Ајфеловата кула во Париз.

Бурак е инаку од Истанбул, и поради својата сакана со која живее во Скопје, одлично го совлада македонскиот јазик. За „Еспресо“, Ива накусо раскажа за моментот кој целиот живот и дваајцата ќе го паметат.

-За Париз, сите знаеме дека е најромантичниот град во светот, а пак кога ќе се отиде таму навистина секој се чувствува посебно. Самите градби, историјата, приказните кои секое ќоше на Париз раскажува љубов, прави да таквите моменти се случат токму таму.  Ние двајцата имавме приватен момент кој извесно време не го споделуваме со јавноста, а свеченоста во Париз ја чувавме за да си ја обележиме нашата љубов засекогаш“, ни раскажа Ива.

Дизајнерката која се занимава со хуманитарна работа и е голем љубител на животните, вели дека Бурак го чекал вистинскиот момент, да почнат да трепкаат светлата на Ајфеловата кула.

-Во Париз се стемнува дури по 22 часот, а светлата на Ајфеловата кула работат до полноќ. Поради рестрикција по Ковид пандемијата, по полноќ нема светла. Кога ќе се стемни, светлата на кулата трепкаат само пет минути на секој час, што значи дека за ваков специјален момент долго се чека, а тој кратко трае. Имаше и други парови кои сакаа да се сликаат и да се снимаат додека трепкаат светлата. Кога го дочекавме тој момент, Бурак ми го стави прстенот на рака и отворивме шампањаско“, раскажува Ива за важниот момент во нивниот живот.

Дизајнерката вели дека датумот за свадба сѐ уште не е дефиниран, но нејзина желба би била тоа да биде по летниот период, за да се одморат и двајцата убаво од работните обврски. Неодамна, во „Слободен печат“, Ива ја раскажа љубовната приказна со човекот од Турција кој ѝ го освои срцето.

-Се запознавме точно пред вратата на моето ателје пред 2 години, кога тој инсистирал да ме запознае преку пријател. За да знам дека е вистинскиот тоа времето го покажува, а сега-засега според сѐ, така е“, раскажа Спасовска.

На својот Инстаграм профил, таа раскажа искрена приказна за тоа дека како дете, трпела врснички булинг. Овие случувања, како што вели, ја направиле посилна личност.

-Детство кога бев неприфатена од околината. Причина – зошто имам свое мислење. Бев принудена да живеам во свој свет, сама со животните и барбиките каде својата цел ја изразував. Длабоко верував дека еден ден ќе му покажам на светот која е Ива. Неколку години подоцна, знаев дека луѓето ќе се инспирираат од мојата визија и дека секоја моја солза и грутка во грлото и душата ќе вроди со плона и успех! Луѓе моим НИКОГАШ НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ ОД ВАШИТЕ СОНИШТА“, напиша Спасовска на Инстаграм.

Во март оваа година, се одржа модна ревија под темата “Angel, на која Ива ја претстави новата колекција на фустани инспирирани од женствената и боженствена енергија на жената. Настанот беше од хуманитарен карактер и со поддршка од здружението „Акт Македонија“ Пристутните охрабрени со пораката “Биди и ти нечиј ангел” донираа за најранливите категории.

Фото: Приватна архива

Слични објави

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо
Се вчитува....