14:59 - 1 април, 2026

(Фото) Драма во Црна Гора! Бресквица се соочила со голем проблем пред настапот…

Пејачката Анѓела Игњатовиќ, попозната како Бресквица, при пристигнувањето во Игало, Црна Гора,  се соочила со неочекуван проблем, за што ги известила своите следбеници. Таа прво слетала во Тиват со своето момче, а во наредниот период ќе има настапи во Црна Гора.

Меѓутоа, младата пејачка открила дека останала без своите работи и без сè што ѝ треба за настапот, но тоа не ја спречило да приреди феноменална забава.

„Со оглед на тоа што ги немам своите работи и дека едвај стигнавме во Игало, вечерва ме гледате без шминка и без сè што е потребно за настап. Но, важно е да се направи добра журка“, напишала таа, покажувајќи професионалност и подготвеност да се прикаже енергичен настап без оглед на околностите.

Да потсетиме, по големиот успех на песната „Гнездо орлово“ со која го освои второто место на српскиот избор за „Песна на Евровизија“, младата пејачка работи со полна пареа. Неодамна некои медиуми објавија дека цената на нејзините настапи изнесува дури 10.000 евра.

 

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....