00:57 - 12 ноември, 2026

(Фото) Џони Деп има зошто да плаче, а треба да ѝ каже „фала“ на Амбер Херд: Седумминутните овации во Кан не се само за филмот

Џони Деп повторно е во центарот на вниманието. Иако, овој пат тоа нема никаква врска со никаков скандал или развод. Напротив, актерот се врати во киното како ѕвезда.

Така беше посведочено во Франција на Канскиот филмски фестивал, каде Деп доби седумминутни овации за неговата изведба во филмот „Jeanne du Barry“, во кој го игра францускиот крал Луј XV во последните години од животот. За време на овациите, глумецот се расплака. И има зошто да плаче од среќа или возбуда.

Деп ја прифати улогата во овој филм уште пред да започнат судските спорови со неговата поранешна сопруга.

Сега пак, филмот му доаѓа како „кец на десетка“, Деп зад себе остава се што има врска со неговата тужба за клевета против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, едноставно филмот ги фрли во сенка сите поранешни скандали.

Актерката пак, одлучи да се движи во својот живот во сосема спротивна насока, бидејќи моментално не сака да се врати во Холивуд и претпочита мирен живот во Мадрид со својата ќерка.

Деп го чекаше вистинскиот момент за да се врати на мејнстрим филмското производство и, исто така, да заработи многу пари со профитабилни рекламни договори.

Според „Варајети“,  Џони Деп ѝ се враќа на луксузната модна етикета Диор откако постигна рекорден договор вреден повеќе од 20 милиони долари. Холивудскиот актер се враќа, по неговото последно појавување во 2015 година, како главно лице на Dior Homme, трансформирајќи се во див рокер за рекламната кампања.

Освен тоа, Деп не само што е актуелен како актер, туку се враќа и да режира филм 25 години по објавувањето на „The Brave“. Филмот насловен „Моди“ е биографски филм за италијанскиот уметник Амадео Модиљани.

Сето ова го воскресна Деп надвор од судењата и неговата бурна врска со Амбер Херд.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....