5.8 C
Скопје
04:58 - 11 февруари, 2026

(Фото) Детали за тајната венчавка на Рита Ора и Таика Вајтити: „Таа ме запроси и јас веднаш реков да“

Парот се венчаше во Лос Анџелес и чуваше во тајност дека е во брак цела година.

„Таа ме запроси и јас веднаш реков да“, вели режисерот Таика Вејтити за тоа како тој и пејачката Рита Ора се вериле, иако парот првпат се запозна во 2018 година и тоа на необичен начин – на скара што Таика ја приреди во неговиот дом во Лос Анџелес. Во 2021 година, кога и двајцата снимаа во Австралија, почнаа да се забавуваат, а се венчаа пред една година во Лос Анџелес, но Рита и Таика дури вчера споделија фотографии од тој посебен ден, пишува Вог.

Рита вели дека му предложила на Вејтити да се омажи за неа додека парот бил на одмор во Палм Спрингс во летото 2022 година.

А венчавката се одржала во Лос Анџелес неколку недели подоцна, на 4 август.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Weddings (@vogueweddings)

“Не беше во Лондон или Франција, како што сите мислеа. Беше во Лос Анџелес со мала група пријатели”, рече режисерот, а Рита забележува дека свадбената прослава се случила во нивната куќа.

Во текот на изминатата година, тие си играа со дезинформации за нивната венчавка, кои се раширија како шумски пожар низ интернет.

„Всушност ни беше доста интересно да гледаме различни приказни што луѓето ги смислиле и во исто време вистината ја чувавме за себе. Се радувам што сега можеме да споделиме што навистина се случило и да го направиме тоа на нашата годишнина“, вели Рита.

„Имаше околу осум луѓе на свадбата – само блиски пријатели, семејство и родители“, вели Таика, истакнувајќи дека бил особено воодушевен што неговиот најдобар пријател Џермејн Клемент долетал од Нов Зеланд токму на време за церемонијата.

На тајната церемонија, невестата носела фустан од Том Форд и накит од Лорејн Шварц.

 

 

Слични објави

(Видео) „Жешката“ Данијела Димитровска се соблече во црвена долна облека од чипка: Бујните гради и стомачните ги залудеа сите!

Еспресо

Се огласи пејачката на која ѝ беше запалена куќата: „Тешко е кога ве замолчуваат“

Еспресо

(Видео) Скандал на изборот за Мис Србија: Дошол со круна на главата и ја навредил убавицата поради нејзината тежина

Еспресо

Милица Тодоровиќ ја сподели првата слика со својот син

Е.А.

(Фото) Ќерката на српската пејачка има 23 години и работи за Трамп: Во бикини ужива за сите пари во Мајами 

Еспресо

(Фото) Теодора Џехверовиќ го прослави 29. роденден во тајност, а сега испливаа моменти од лудата забава

Еспресо
Се вчитува....