10:14 - 4 април, 2026

(Фото) Данијела Димитровска го покажа дечкото во полн сјај: Фудбалерот силно ја прегрнува, а таа не ја симнува насмевката од лице

Манекенката и водителка Данијела Димитровска веќе подолго време ужива во врска со фудбалерот Јеврем Косниќ, иако ретко објавува нивни заеднички фотографии. За убавината на Данијела Димитровска често се пишува, а своевремено големо внимание привлече нејзината врска со шест години помладиот дечко Јеврем.

Сега, Данијела реши на својот инстаграм-профил да објави фотографија на која позира со дечкото кој силно ја прегрнуваа одзади. Нејзината насмевка кажува сè за тоа колку ужива во неговото внимание, а она што на сите им привлече внимание е нејзината модна комбинација која ја истакна нејзината совршена фигура.

Димитровска носеше маица и хеланки во боја на кожа кои не би ѝ прилегале на  секоја жена, сепак манекенката може да се пофали со извајано тело кое гордо го покажува.

Инаку, Данијела неодамна зборуваше за врската со Косниќ, како и за бракот.

– Некои работи никогаш не се планираат, едноставно се случуваат. Никогаш не побегнав од брак. Кога има љубов, тогаш бракот е логичен редослед. Љубовта е нешто што секогаш ме водеше во животот. Тоа е првата станица од која почнува сè – изјави неодамна Данијела.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.
Се вчитува....