04:23 - 20 декември, 2025

(Фото) Цветен рај на 4 квадратни метри на охридскиот балкон на Соња Гега: „Цвеќињата се лек за душата“

Испивме утринско кафе на балконот на госпоѓа Соња Гега во Охрид, и се уверивме дека и од мал простор може да се направи рајска „градина“. Тука, и вкусот на кафето беше поинаков, поубав, а во разговорт со Соња научивме нешто повеќе за цвеќињата. 

Соња ги сака саксиите со цвеќиња во живи бои, расцутени, сама сади, сама арнажира, комбинира…А ги гледа со многу љубов и посветеност. Фото-приватна архива

– Оваа терасичка е од новиот стан и првпат сега ја уредувам – со радост ни раскажува Соња. – Мала е, четири метри квадратни. Претходно пак, бев посветена на претходниот балкон кој беше поголем, околу 8 квадратни метри. И двата балкона се на јужна страна и бараат цвеќиња отпорни на сонце: сардели, пркос, вербени, газении…Тоа го дознавам читајќи на Интернет. Сарделите се мои, еднаш купени, па потоа размножувани. Останатите се едногодишни, ги купувам зависно кој аранжман сакам да го направам – вели Соња.

Соња ги сака саксиите со цвеќиња во живи бои, расцутени, сама сади, сама арнажира, комбинира…А ги гледа со многу љубов и посветеност.

– Со нив сум повеќе години од хоби и љубов, премногу ги сакам, ми помагаат да ја надминам осаменоста по смртта на сопругот и заминување на ќерката на магистратура и докторат. Оттогаш тие станаа мое сè – искрена е Соња.

Се разбира, за оваа убавина потребно е многу вложување љубов, а „време секогаш ќе си најдеш ако нешто сакаш, а колку време ќе посветиш тоа зависи од самиот тебе и колку и какви цвеќиња имаш“ – вели нашата соговорничка.

Инаку, цел работен век била банкар, со завршен економски факултет, а од декември е пензионерка. Затоа си купила помал стан. Сакала поголема тераса, меѓутоа немало.

– Ако е мала, јас од неа си направив катче за одмор, за кафенце, а искрено и внукичката која сега ме дружи многу ги сака цвеќињата и тоа ни е катче и за појадок, ручек, за нас двете. Си имам дел со масичка и две столчиња. Најубавата нејзина игра е тука. Со еден збор, терасата е нашиот дом, нашиот живот – објаснува Сања и нагласува дека многу ја сака природата, цвеќињата, дека тие ја вратиле во живот, ја одржале позитивна, ведра, насмеана, ако е сама.

„Тие се лек за душата“ – вели – „Со нив наоѓам мир и спокој и ми ја исполнуваат душата“.

Цвеќињата ги уредува исклучиво по нејзини замисли и идеи, не бара инспирација на други места. Тоа како да ѝ е вродено, уредување на дом и градина.

Но не само балконот. И домот на Соња е полн со цвеќиња. Ги има дури и во кујната. Секогаш расцутени, разиграни, во живи бои кои влеваат живот и позитивна енергија.

Инаку, Сања е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија.

 

Фото – Приватна архива

(Фото) Ова е цветното царство на Евица и Благе Додевски: Леандри, рози, камени црквички…и многу љубов!

Слични објави

Ова се двете работи кои Здравко Чолиќ ги сака пред настап

E.A.

Јована Јеремиќ јавно му се обрати на новото момче: Објави фотографија и најави соочување – „Првпат очи в очи“

E.A.

Мегапопуларниот пејач со сопругата и децата се вселува во нова куќа: Слоба Радановиќ и Јелена поставија 3 елки и голема ѕвезда пред својот дом

E.A.

Ќерката на Дино Дворник по долги години ја откри семејната тајна: : „Татко ми се враќаше дома без пари, станот беше распаднат“

E.A.

Конечно призна! Еве што Јелена строго им забранува на своите ќерки, особено на Атина – ова ќе ги шокира сите

Еспресо

(Фото) Сопругата на Милош Биковиќ сподели бајковита сцена: Синот Василиј ужива во новогодишната магија во домот

Еспресо
Се вчитува....