8.8 C
Скопје
19:53 - 11 март, 2026

(Фото) Бурна реакција на Нина Бадриќ за случајот Северина: Се однесуваат кон детето како кон вреќа со компири!

Врховниот суд во Хрватска целосно му го врати старателството на српскиот бизнисмен Милан Поповиќ над синот Александар, што значи дека целосно ѝ е одземено старателството на хрватската пејачка Северина Вучковиќ.

По овој повод се огласија колешките на Северина и ја поддржаа пејачката.

По српските пејачки Ана Бекута и Сека Алексиќ, се огласи и српската актерка Анѓелка Прпиќ, но и хрватската пејачка Нина Бадриќ, која сподели и порака.

„Според одлуката на Врховниот суд, Северина ќе се гледа со синот во вторник и четврток од 16-20 часот и секој втор викенд во сабота и недела. Поради процедурална грешка. И некој што не ни живее во градот каде што детето оди на училиште. Чувствувам беспомошност, срам и бес, не можам ни да замислам како им е, а се прашувам кој може да го заштити нејзиното дете кон кое се однесуваат како кон вреќа со компири. Премногу тажно и премногу страшно“, напишала Нина Бадриќ.

Да потсетиме, Северина Вучковиќ ја загуби правната битка за старателството над синот Александар, а Врховниот суд донесе одлука старателството над нивниот малолетен син Александар целосно да му се врати на таткото на детето.

Во оваа прилика се огласи и Северина.

– Еве, сега и врховните судии ја дадоа својата пресуда. Кренаа рака во името на моето дете кое никогаш не го виделе, со кое никогаш не разговарале, кое има свој живот, свои мисли и кое десет години ја трпи тортурата на системот, а и јас заедно со него. Сега не сакам да барам неправилности во одлуките на Врховниот суд, не сакам повеќе да барам никакви неправилности, особено оние што беа донесени спротивно на правната практика на Уставниот суд, како што вели мојата адвокатка – пренесува хрватски „Јутарњи“.

 

Слични објави

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо
Се вчитува....