5.8 C
Скопје
07:31 - 1 април, 2026

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Силно невреме пропратено со дожд и бурен ветер вчера го зафати Дубаи, а апокалиптичните фотографии и видеа од тој град ги преплавија социјалните мрежи.

Познатата млада двојка, водителката Сашка Веселинов и нејзиниот сопруг Ѓорѓе Ѓоковиќ, брат на тенисерот Новак Ѓоковиќ деновиве престојуваат токму таму и се сведоци на невремето.

Имено, Сашка на социјалните мрежи споделила неколку кадри што правела со сопругот во моментот на невремето. По пат гледаме дека автомобилите се делумно во вода, некои се речиси до половина, а тие се упатија кон салон за убавина.

– Не знам кој е полуд. Јас што одам на закажан третман за коса или Ѓо што ме вози – напишала водителката.

Обилни дождови денеска ги зафатија Обединетите Арапски Емирати, поплавувајќи делови од главните автопатишта, а на патиштата во Дубаи има и бројни напуштени возила.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....