18:36 - 1 септември, 2026

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Цеца Ражнатовиќ за себе вели дека знае да готви, но не го прави тоа, бидејќи повеќе сака да мириса на парфем отколку на запршка. Сепак, за разлика од фолк дивата, нејзината ќерка Анастасија Гудељ е среќна кога е во кујната. Рецептите на Анастасија се многу лесни за подготовка, бидејќи за покомплицираните јадења е задолжена нејзината тетка Лидија.

Семејството Ражнатовиќ се познати како големи гурмани, па во деновите кога не постат, на менито им се сарми, разни видови месо, пити и сите традиционални јадења од овие простори, за кои најдобрите рецепти ги има Мира, бабата на Анастасија.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Едно од овие јадења е питата со месо, а Анастасија еднаш го сподели процесот на нејзината подготовка со своите следбеници на Инстаграм. Но, за жал, нејзиниот сопруг Немања Гудељ не сакал ниту да го проба ова јадење, бидејќи е вегетаријанец.

Еве го рецептот за питата на Анастасија

Состојки:
– 400 до 500 г мелено месо
– еден кромид
– магдонос
– 2-3 јајца
– малку кисела вода
– пакување готови кори

Подготовка:

Питата по рецептот на Анастасија Гудељ лесно се прави, а прво што треба да направите е да го исечете и испржите кромидот, а потоа да го додадете меленото месо. Зачинете со сол и бибер и на крајот додадете сечкан магдонос. Тавата премачкајте ја со масло, а потоа ставете ја првата кора и повторно попрскајте ја со масло или растопен путер.

Вака наредете четири до пет кори, па истурете половина од смесата, па уште неколку кори и остатокот од смесата. Затворете со две кори, а секоја посипете ја со малку масло или путер. Јајцата добро изматете ги, додадете малку кисела вода, па прелијте ја со питата. Се пече на 230 степени околу половина час.

Слични објави

Во мозокот ѝ бил вграден стент, а сопругот ја изневерил! Српската водителка дознала за аферата во најтешкиот период од животот

Еспресо

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.

(Фото+видео) Концертот на Северина во Карловац доживеа пех, а еве како се снашле

Еспресо

(Фото) Теодора Џехверовиќ ужива на Истра – го покажа своето извајано тело во бикини, па седна на кормило

Еспресо

(Фото) Сара Јо и Алексеј Бјелогрлиќ уживаат во љубовта – пејачката сподели интимни моменти од одморот

Еспресо

Анастасија Ражнатовиќ со Немања и нивниот син си замина од Севиља – еве зошто го напуштаат семејниот дом на една година

Еспресо
Се вчитува....