32.8 C
Скопје
15:10 - 8 септември, 2026

(Фото) Ана Николиќ се спореди со Меланија Трамп: Пејачката објави фотографија и овие зборови ѝ ги упати на првата дама на Америка

Српската пејачка Ана Николиќ во последно време не престанува да ја шокира јавноста.

По нејзините бројни објави со необични стајлинзи, но и шпекулациите дека таа и нејзиниот партнер Горан Ратковиќ Рале наскоро ќе се венчаат, пејачката продолжува да интригира.

Таа на својот инстаграм-профил објавила фотографија од својот несекојдневен стајлинг, со многу впечатлива порака.

Николиќ позирала во костум со зебра принт и со чанта во рацете, а целиот изглед го заокружила со бели очила за сонце.

Под објавата стоел интересен опис на фотографијата, односно прашањето: „Која Меланија?“.

Бидејќи Меланија Трамп привлече големо внимание на неодамнешната инаугурација на американскиот претседател Доналд Трамп, чиј шешир го украде шоуто, Ана Николиќ одлучила да покаже дека има и такви кои ја „надраснале“ и дека сега нејзиниот стајлинг сигурно ќе го украде целото внимание.

Да потсетиме, по многу турбуленции, расправии и помирувања со партнерот, вљубената двојка наводно неодамна донела одлука да ја крунисаат љубовта со брак откако ги решиле сите несогласувања.

 

 

Слични објави

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Верица Ракочевиќ за животот, успесите и загубите: „Продадов три големи стана во Белград за бизнисот“

E.A.

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ носеше фустан вреден 2.400 евра на роденденската прослава

Еспресо

Сите благодети на морската сол – содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, кожата и косата

Т.Ц.
Се вчитува....