7.8 C
Скопје
05:53 - 20 февруари, 2026

(Фото) Александра Пријовиќ го ангажираше телохранителот на Цеца Ражнатовиќ да ја чува

Телохранителот на Светлана Цеца Ражнатовиќ ја чува Александра Пријовиќ.

Станува збор за маж чиј прекар е Фабио, а кој со години ја придружувал Цеца и нејзините деца Анастасија и Вељко Ражнатовиќ. Споменатиот телохранител за Цеца работел од 2007 до 2011 година, кога ја прекинале соработката, бидејќи таа била во домашен притвор, пишува српски „Телеграф“.


Младата ѕвезда Александра Пријовиќ последниве месеци е една од главните теми во регионот.

Александра ангажирала висококвалитетни костимографи, шминкери, фризери, продукција и обезбедување за потребите на бројните концерти во регионот.

Еден од членовите на тимот е телохранителот кој со години е со Цеца Ражнатовиќ, а сега е ангажиран од Александра.

Тој е снимен на концертот на снаата на Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ, стоејќи лево од неа. Пејачката видеото го сподели на социјалните мрежи.

Судејќи по видеото кое го објави, Александра се чувствува безбедно и мирно излегува на сцената. До крајот на годината треба да одржи уште неколку концерти.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....