22:16 - 13 ноември, 2026

Карлеуша ги подбра младите колешки кои прават естетски зафати: Како зомби, отечени од ботокс

Српската пејачка Јелена Карлеуша ги осуди лекарите кои прават естетски зафати на девојчиња помлади од 35 години, а ги „поткачи“ и своите помлади колешки за нивниот изглед.

Јелена, која е позната по тоа што безобразно го искажува своето мислење на социјалните мрежи, овој пат го искоментира фактот дека младите девојки непотребно се подложуваат на разни естетски зафати кои им го уништуваат лицето:

– Сметам дека со закон треба да забрани вбризгување ботокс во лицето на жени пред 35-годишна возраст. Згрозена сум од сликите и видеата на социјалните мрежи каде на млади девојки на 20-годишна возраст им се вбризгува ботулински токсин во лицето, поточно мускулите на лицето. Ајде што тие се будали, но лекарите мора да имаат јасен став и да не дозволат парите да ги надминат етиката и здравиот разум. Отров во младо лице кое нема брчки?! Бришење на изрази на лицето?! Зошто?! Ако почнат на 20, како ќе изгледа тоа лице умртвено од отрови на 40?! Дали сте сите луди?! Негувајте се! Не се потемнувајте во солариум, не јадете мрсна храна, јадете многу овошје и зеленчук, не пушете, заборавете на 10 кафиња дневно, извадете ја шминката и негувајте ја кожата со постојана хидратација! Пијте многу вода! Спијте! Користете креми со добар квалитет! Земајте витамински додатоци! Каков ботокс?! – напиша таа и ги коментираше помладите колешки кои прават различни интервенции:

-Гледате ли како изгледаат нашите женски јавни личности пред 30-та?! Како зомби! Со ужасни усни од евтин силиконски материјал, отечени од ботокс, со лошо оперирани носови кои им го попречуваат нормалното дишење, со „замрзнати“ лица од разни филери и ботокс! Младите жени не смеат да го прават тоа! Но, уште поважно – лекарите не смеат да им го прават тоа! На младо лице не се вбризгува отров!

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....