5.8 C
Скопје
06:36 - 1 април, 2026

ФОН ДЕР ЛАЈЕН НА ЗЕЛЕНСКИ: „Вашето патување кон членство во ЕУ започнува денес“,„прашање е на недели“

Претседателката на Европската комисија ги посети Буча и КИев и му го предаде на Зеленски пликот со прашалникот за влез во Европската унија. „Убедени сме дека ќе победите во војната“. А при посетата на Буча рече: „Овде е уништено човештвото“.

„Какво големо задоволство, прекрасно е што се гледаме повторно. Помина половина година можеби од последниот пат“. Така започна средбата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. „Половина година? Можеби, не се сеќавам“, одговори Зеленски поздравувајќи ја европската делегација во која е и високиот претставник Жозеп Борел.

Преговорите се во тек меѓу украинскиот претседател и високите претставници на ЕУ, се наведува во белешката на украинското претседателство.

Претседателката на Европската комисија потоа продолжи: „Украина е дел од европското семејство. Го слушнавме вашето барање многу јасно и тука сме да ви дадеме прв позитивен одговор на вашата апликација за членство: во овој плик е почетокот, вашето патување кон ЕУ. Во овој плик го има прашалникот за влез во Унијата, кој мора да се пополни, – објасни Фон дер Лајен покажувајќи го пликот, со европско и украинско знаме – Ако работиме заедно, тоа може да биде прашање на недели“.

Во врска со прашалникот Зеленски одговори: „Ќе го пополниме за една недела“, предизвикувајќи смеа кај присутните.

Фон дер Лејен рече дека е убедена дека победата во војната ќе им припадне на Украинците: „Ќе работиме заедно со Украина за да ја обновиме, со инвестиции и реформи. И сето тоа ќе го формира патот на Украина кон ЕУ“.

Потоа, претседателката на Комисијата на ЕУ му вети на Зеленски дека Европа ќе се грижи за украинските бегалци, „тие не заслужуваат ништо помалку“.

На прашањето за санкциите, фон дер Лајен одговори дека „петте пакети санкции на ЕУ за Русија“ функционираат, иако Москва се обидува да ги заобиколи санкциите.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....