5.8 C
Скопје
06:48 - 1 април, 2026

Филмскиот фестивал во Венеција ги најави ѕвездите: На црвениот тепих на Лидо ќе блеснат Хари Стајлс, Катрин Денев, Кејт Бланшет, Ана де Армас, Пенелоп Круз…

23 филма во конкуренција за Златен лав на 79. Филмски фестивал во Венеција. Со ѕвезди и многу очекувани гости: Хари Стајлс, Кејт Бланшет, Хју Џекман, Ана де Армас, Пенелопе Круз, Кетрин Денев, Тимоти Шаламе… Фестивалот ќе се одржува од 31 август до 10 септември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by La Biennale di Venezia (@labiennale)

Режисерот Алберто Барбера го претстави својот фестивал на следниов начин:

„Фестивалите се, како што велат со преупотребената метафора, прозорци отворени кон светот. Прозорецот на Венеција79 секако не може да го игнорира она што се случува пред нашите очи. Тоа се работи кои не би сакале да ги видиме, како војната во Украина, апсењата на филмаџиите во Иран или осудата на турски продуцент осуден за документарен филм кој никогаш не бил снимен. Фестивалот ќе објави иницијативи во оваа насока, бидејќи фестивалите не се затворени меури кои не гледаат во реалноста“.

Во конкуренција е и филмот „No Bears“ од Џафар Панахи, режисерот кој повторно е затворен во Техеран.

Жирито предводено од Џулијан Мур ќе го додели Златниот лав на Филмскиот фестивал во Венеција 2022 година. Со неа во жирито се: Маријано Кон (аргентински режисер, сценарист и продуцент), Леонардо Ди Костанзо (италијански режисер и сценарист), Одри Диван (француска режисерка која го освои Златниот лав за 2021 година), Лејла Хатами (иранска актерка), Казуо Ишигуро (англо-јапонски писател и сценарист), Родриго Сорогојен (шпански режисер, сценарист и продуцент).

Фестивалот ќе се отвори со филмот White Noise од Ноа Баумбах, кој ги носи режисерот и неговите протагонисти во Лидо: Адам Драјвер и Грета Гервиг. Завршниот филм пак, кој ќе го означи крајот на фестивалот, на 10 септември, е The Hanging Sun од Франческо Карозини, со Алесандро Борги, Џесика Браун Финдлеј и Питер Мулан во главните улоги. Трилер сместен во вечното норвешко лето, базиран на бестселерот на Јо Несбо.

Помеѓу овие два наслови, ќе има 10 дена на кино и филм.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....