01:59 - 2 април, 2026

ЕВРОВИЗИЈА 2022: Модна катастрофа – Александра и Јана покажаа што значи да се биде извлечен од нафталин

Знаете ли што е антиклер? Град во едно од кралствата на Хај Рок, кој денес не постои, на континентот Тамриел, кој исто така не постои, но каде времето се мери според тамриелскиот календар. Во жаргоснкиот речник пак, антиклер значи некој што нема допирна точка со современата естетика, односно што изгледа како да е од „нафталин извлечен“, но не во ретро значење (кое знае да биде многу симпатично), туку во пејоративно.

Треба ли тогаш понатаму да објаснуваме што мислиме за модниот изглед на двете водителки Александра Јовановска и Јана Бурчевска на „сцената“ на годинешниот избор за македонски претставник на Евровизија? Не само ние…

А, што друго и можеше да се очекува, освен аматеризам, во ритамот на севкупниот стил што со години го следи македонскиот избор на песна за Евровизија. Па, така и годинава, особено со смешното пресметување на бодови од „едикојското“ странско жири за решавање на победникот, на штета на гласачите на Македонија, чија земја (и народ) впрочем треба да се претставува.

Катастрофа на квадрат.

 

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....