7.8 C
Скопје
09:26 - 11 март, 2026

(Фото) Европска мапа за потрошувачка на месо по земји: Македонија на дното на листата

Хрватите ги „шијат“ и Србите во јадење месо, а Македонците и Албанците не се по месото, или немаат доволно пари да си го приуштат.

Веб-страницата Лангеист мап објави мапа на Европа на која се прикажани податоци за потрошувачката на месо по земји. Интересно е што Македонија е на дното на оваа листа, а податоците на просекот покажуваат дека секој жител на Македонија јаде по 39 килограми месо годишно.

Шпанија е на прво место со 99 килограми месо по жител. Второто место го зазеде Португалија со 95 килограми, додека на трето место е Исланд со 91 килограм месо по жител. Овие земји се и најголеми потрошувачи на морска храна во Европа.

Земји кои консумираат најмалку месо се Македонија, Турција, Албанија и Молдавија со 39 килограми месо по жител годишно.

Кога станува збор за земјите од регионот, интересен е податокот дека најголема потрошувачка на месо се граѓаните на Хрватска со 80 килограми по жител, а потоа следат граѓаните на Црна Гора со 78 килограми и Словенија со 70 килограми месо по жител. Србија е нешто поблиску до Босна и Херцеговина во однос на потрошувачката на месо, каде што еден жител во просек јаде до 56 килограми месо годишно.

Слични објави

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо
Се вчитува....