7.8 C
Скопје
07:07 - 27 април, 2024

Преку ДНК анализа откриена причината за смртта на Бетовен

ДНК анализата извлечена од влакна од косата на Бетовен открива семејна историја на заболување на црниот дроб. Комбинацијата на предиспозиција, хепатитисот Б и прекумерно консумирање алкохол довело до негова смрт од цироза на црниот дроб.

На 6 октомври 1802 година, Лудвиг ван Бетовен зел в рака пенкало, мастило и хартија за да им напише писмо на своите браќа, Каспар и Николаус, од неговиот дом во Хајлигенштад, предградие на Виена. Тоа не беше „тестамент“, туку така беше наречен затоа што беше своевидна „исповед“, пронајдена дури по смртта на музичарот. Во писмена форма, композиторот побарал неговиот лекар Ј.А. Шмит, на пошироката јавност да ѝ ги обелодени болестите од кои што боледувал, особено во последните десет години од неговиот живот, за како што пишува, „што е можно, барем светот да се помири со мене по мојата смрт“. Ова беа зборови на човек изолиран поради прогресивно губење на слухот и измачуван од цироза на црниот дроб, предизвикана, дознаваме дури денес, од генетска предиспозиција за заболување на црниот дроб, во комбинација со вирусот на хепатитис Б и прекумерно консумирање алкохол.

Денес, повеќе од два века подоцна, меѓународен тим на истражувачи, предводен од Тристан Бег од Универзитетот Кембриџ, делумно ги исполни желбите на композиторот со истражување на причините за болестите што го погодија, преку анализа на ДНК. содржана во прамен од неговата коса. Студијата, објавена во списанието „Кјурент Бајалоџи“ има цел да ги расветли главните здравствени проблеми на Бетовен: губење на слухот, кое започнало околу 1815 година и довело до глувост во 1818 година, и тешка болест на црниот дроб, која започнала во летото 1821 година со два напади, кулминирајќи со цироза на црниот дроб, подоцна идентификувана како најверојатна причина за неговата смрт, во 1827 година, на возраст од само 56 години.

Таканаречениот тестамент од Хајлигенштад содржи низа горчливи размислувања и ја открива вистинската причина за „лошиот темперамент“ на Бетовен: напредокот на глувоста, за кој малкумина беа свесни. Пореметување што го оддалечило од „световниот живот“, како што самиот објаснува во писмото: „О вие луѓе кои ме цените или ме дефинирате како огорчен, намќор или дури и мизантроп, како ми згрешувате! Не ја знаете тајната причина што ме тера да изгледам вака (…) Поради болест, и покрај тоа што бев обдарен со жесток, жив темперамент и навистина чувствителен на привлечноста на општеството, набрзо бев принуден да се повлечам, да го поминам животот во самотија“. Ова говори дека Бетовен всушност бил осамен и болен човек.

Во 1820 година, на 46 годишна возраст, Бетовен веќе бил целосно глув: ремек-делата од неговите последни седум години од животот се родени во апсолутна тишина. Сепак, прогресивната глувост не претставувала вистински хендикеп за неговата уметност. Бетовен, всушност, го поседувал таканаречениот „совршен тон“, односно можел точно да го идентификува тонот на нотите и имал совршена интонација. Тимот научници кои работеа на ДНК анализа на композиторот, сепак, не беа во можност да укажат на причината за неговата глувост. Што се однесува до заболувањето на црниот дроб, научниците идентификуваа серија генетски фактори на ризик, покрај инфекцијата со вирусот на хепатитис Б, во месеците пред последната фаза на болеста на композиторот. Меѓутоа, во текот на истражувањето, се појави уште еден фактор кој веројатно ја влошил тешката болест на црниот дроб: а тоа е консумирањето алкохол.

Слични објави

Среќлии во љубовта: Два хороскопски знаци ќе доживеат возвишена љубов во мај

еспресо

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо
Се вчитува....