5.8 C
Скопје
00:37 - 15 март, 2026

Еве зошто Вељко Ражнатовиќ се оженил на само 22 години: Цеца откри зошто толку млад стапил во брак!

Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ е мајка на две деца, синот Вељко и ќерката Анастасија, кои сега се возрасни и семејни луѓе.

Вељко живее со сопругата Богдана во Тител, каде што изградиле семејна идила на имотот на нејзиниот татко Богдан, а имаат три сина Жељко, Крстан и Исаија.

Анастасија, пак, со сопругот Немања Гудељ живее во Севиља, Шпанија, а Цеца често нагласува дека нејзините деца се нејзината најголема гордост и среќа.

– Јас го добив Вељко на 23, Анастасија на 25. Сосема поинаку ги разбирав и сето тоа има свои предности и недостатоци – рекла Цеца за родителството.

Пејачката Цеца Ражнатовиќ неодамна се осврна на својот брак, односно како се омажила во дваесетите години, исто како што подоцна направил и нејзиниот син Вељко, кој се ожени со Богдана на само 22 години.

– Кога мојата сестра се мажеше, се омажи на 30 години, за разлика од мене која се омажив на 20. Јас само сакав да се омажам. Исто како што мојот син од самото раѓање сакаше да се ожени. Се гледа на кого е. Од шестата година човекот се жени. И тој се ожени на 22 и јас се омажив на 22 – рекла Цеца и открила зошто Вељко Ражнатовиќ се оженил толку рано.

 

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....