1.8 C
Скопје
03:06 - 22 февруари, 2026

Еве што е по образование Богдана Ражнатовиќ: Кога го запознала Вељко работела на пазар, а има диплома од ова училиште

Бракот на Богдана и Вељко Ражнатовиќ трае веќе четири години. Тие добија три сина Жељко, Крстан и Исаија и целосно се повлекоа од јавноста. Синот на Светлана Цеца Ражнатовиќ ноќниот живот го замени со спорт, а Богдана му е голема поддршка.

Вељко на тоа што ја пронајде жената на својот живот, може да ѝ се заблагодари на својата сестра Анастасија Ражнатовиќ. Ќерката на Цеца првпат ја запознала Богдана на Копаоник и веднаш знаела дека е идеална за нејзиниот брат.

– Точно е дека јас кумував на запознавањето на Вељко и Богдана. Ја видов на Копаоник, не ја ни познавав и само ѝ пријдов и реков дека е прекрасна. „Јас мислам дека си одлична девојка за брат ми, тој е луд и мора да се смири, ти си вистинската“ – раскажала во една прилика Анастасија.

Богдана успешно се занимавала со кошаркарка, а по училиштето со сестрите продавала пилиња на пазар. Имено, семејството Родиќ има фарма за пилиња, но подоцна се преселила да работи во канцеларијата на татко ѝ.

Таа работа можела да ја работи без никаков проблем бидејќи завршила Високо деловно училиште, насока финансии и сметководство, а нејзините постари сестри се факултетски образовани. Најстарата Бојана завршила правен факултет, а Наташа менаџмент во медиумите.

Вељко дипломирал на Високото училиште за применети и правни науки „Прометеј“ во Бања Лука на почетокот на 2020 година. Тој не криеше дека не му било лесно да ги балансира образованието и спортот. Сепак, дипломската на тема „Економијата во Европската унија“ ја одбранил со осумка – пренесува „Стори“.

Да потсетиме, боксот не е примарна работа на Вељко. По стапувањето во брак, Вељко се преселил во Тител со сопругата Богдан и синовите Жељко, Крстан и Исаија, каде што има фарма за свињи.

 

 

Слични објави

(Фото) Семејството Чолиќ повторно во проблем: Уна се огласи – „затоа ја напуштам целата приказна“

Еспресо

Драгана Беквалац неутешна по смртта на најдобрата пријателка: Објави досега невидени фотографии со Татјана Јечменица

Е.А.

(Видео) Скандал на сцена! Десингерица донесе живо јагне среде настап, кутрото животно сакало да избега

Еспресо

Јована Јеремиќ забранета во Црна Гора, водителката веднаш се огласи

Еспресо

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо
Се вчитува....