22:17 - 19 ноември, 2026

(Фото) Сопругата на Дарко Лазиќ морала да се обрати кај лекар! По породувањето се соочила со овие два здравствени проблеми

Катарина Лазиќ, сопругата на српскиот пејач Дарко Лазиќ, пред неколку месеци ја роди ќерката Срна, а сега откри дека по породувањето се соочила со здравствени проблеми.

Сопругата на Дарко дури и во текот на бременоста беше активна на социјалните мрежи, па во една прилика Катарина сподели фотографија од трудничкиот стомак и на своите следбеници им откри дека има папочна кила. Бидејќи килата останала видлива и по породувањето, решила да оди на лекар.

„По бременоста остана видлива и ми се чинеше дека можеби е и поголема, па решив да закажам преглед, да ја прегледам килата и да го слушнам мислењето на лекарот што се однесува до тренирањето“, објаснила Катарина.

Лекарот утврдил дека килата не е за операција, но сопругата на Лазиќ има уште еден проблем како последица на породувањето.

„Покрај килата, по бременоста имам и дијастаза. Дијастазата ми е минимална, можеби ќе се врати  на своето откако ќе помине уште малку време од бременоста, бидејќи телото се менува девет месеци, па исто толку време е потребно за да се врати во старото. Можам да ја санирам и со вежби, што и ќе го направам“, признала Катарина на социјалните мрежи, а потоа ги советувала жените со истиот проблем кои вежби да ги практикуваат.

Дијастазата е состојба која се јавува кога ткивото помеѓу стомачните мускули се растегнува или кине на централната вертикална линија. Најчесто е последица на растот на матката и се јавува кај жени во текот на бременост или по породување. Доколку дијастазата е мала може да се санира со вежби, но ако е поголема потребна е операција.

„Зајакнувањето на абдоминалниот ѕид поволно делува на килата и дијастазата, но мора да се биде многу внимателен со вежбањето со тегови“, на крајот истакнала Катарина.

 

 

Слични објави

(Фото+видео) Мексиканска храна и посебно изненадување: Анастасија покажа како Гудељ го прослави 35. роденден во Мадрид

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан покрај Пула, но три години не може да се всели

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ и Џејла објавија мистериозни видеа во исто време: „Мислев дека е вештачка интелигенција“

Еспресо

(Фото) Атина Тошиќ отпатува во Австрија: Шопинг во луксузни бутици и стајлинг со потпис на „Шанел“

Еспресо

„Ме нервира мрзеливоста на колегите“: Јанг Дади без влакна на јазикот

Еспресо

Јована Јеремиќ се омажи за Тигар! Тајна венчавка во црква, невестата и младоженецот пресреќни

Еспресо
Се вчитува....