09:30 - 25 февруари, 2026

ЕПТЕН ЗГОДНИОТ АТЛЕТИЧАР Марсел Jaкобс им закажа средба на фановите дури во 2022 година

Ги разбирате Агличаните? Се „напнаа“ на италијанскиот спринтер Марсел Јакобс, а заборавија да ги исконтролираат нивните атлетичари – Британецот Си Џеј Уџа, со сребрен медал на 4х100 на Олимпијадата во Токио, е позитивен на допинг.

Марсел Јакобс фото Фејсбук

Си Џеј Уџа, британскиот спринтер кој освои сребрен медал како дел од машката штафета 4х100 метри на Олимписките игри во Токио, зад екипата на Италија, е суспендиран поради наводно кршење на анти-допинг правилата. Според написите на британските медиуми, 27-годишниот Уџа, кој беше дел од британскиот тим, заедно со Жарнел Хјуз, Ричард Килти и Натаниел Мичел-Блејк, покажал позитивен резултат на допинг за време на ОИ – станува збор за две забранети супстанции познати како САРМ (Селективен андроген рецепторски модулатор) кој помага во градењето мускули, и Остарин, анаболен агенс.

Веб-страницата на Агенцијата за анти допинг на Велика Британија го опишува остаринот како „ефект сличен на тестостерон“. И додава: „Додатоците во исхраната што содржат остарин обично промовираат градење на мускули. Бескрупулозните производители можат да ги пласираат производите како „легални стероиди“ или „алтернативи на стероидите“.

Уџа доби привремена суспензија од атлетиката во очекување на истрага од страна на Единицата за атлетски интегритет.  Објавено е дека уште тројца спортисти ги прекршиле анти-допинг правилата: тркачот на Бахреин Садик Миху, грузискиот фрлач на тегови Беник Абрамјан и кенискиот спринтер Марк Отиено Одијамбо.

Марсел Јакобс, фото Фејсбук

Марсел Jaкобс пак, ја затвори сезоната, најавувајќи им „состанок“ на своите фанови на Инстаграм дури во 2022 година. Спринтерот требаше да се натпреварува на 21 август во Јуџин, Орегон, но тоа е веќе откажано, како и спонзорството од „Најк“. Умната одлука на Јакобс е – кога ќе се врати – да се појави во топ форма, па заедно со тренерот и раководството на клубот, тој одлучи да застане,  да поужива во двете злата и да се врати на патеката дури следната сезона.

Слични објави

(Видео) Тиктокер го провоцирал Драган Бјелогрлиќ во белградско кафуле, актерот му го оттурнал мобилниот

Еспресо

Хороскоп за 25 февруари: Раковите добиваат емотивна јасност, Водолиите прават чекор што носи олеснување

Еспресо

„Јас сум скапа жена, спонзоруша“: Ќерката на Дино Дворник си ја отвори душата

Еспресо

Гоца Тржан за поранешниот сопруг: „Многу се коцкаше, од бракот излегов гола како гасеница“

Еспресо

Кеба ја откри тајната на здравјето: Секое утро зема „природен антибиотик“ од манастир

Еспресо

Сузана Манчиќ се сели од својот стан од 175 квадрати во Белград: „Стана неподносливо!“

Еспресо
Се вчитува....