5.8 C
Скопје
06:59 - 1 април, 2026

Екс сопственикот на Ф1 – Еклстоун уапсен во Бразил поради носење пиштол

Берни Еклстоун е уапсен, објави новинската агенција Ројтерс. 91-годишниот поранешен сопственик на Формула 1 бил запрен во Бразил на аеродромот откако му било пронајдено во негова сопственост нелегално оружје: пиштол калибар ,32.

Еклстоун е уапсен во средата – објави Ројтерс, цитирајќи локални полициски извори – за нелегално носење оружје додека се наоѓал во приватен авион што наводно требал да лета за Швајцарија. Пиштолот со калибар 32, означен со LWSeecamp, бил откриен од обезбедувањето на аеродромот кога неговата торба поминала под скенерот за рендген за да се провери пред да се качи во авионот.

Еклстоун, рекол дека го препознава оружјето, но дека не знаел дека тоа е во неговиот багаж. Милијардерот веќе ја плати кауцијата и беше ослободен од затвор. Сега, може да лета за Швајцарија.

Според весникот „Глобо“, пиштолот бил во џебот од неговата кошула здиплена во куферот и немал муниција.

Поранешниот сопственик на Формула 1 го купил пиштолот пред пет години од механичар во Ф1.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....