7.8 C
Скопје
20:10 - 1 април, 2026

Екс-сопругата на Кевин Костнер откри зошто пријателот на актерот ѝ дал 20.000 долари и ја носел на одмор

Во позадината на скандалозниот развод, Кристин Баумгартнер одмараше на Хаваи со близок пријател на актерот.

Сопругата на американскиот актер Кевин Костнер, Кристин Баумгартнер, е децидна дека човекот со кој била фотографирана додека била на одмор на Хаваи ова лето, не е нејзино момче, пишува TMZ.

Актерот од „Yellowstone“ и 49-годишната дизајнерка на чанти присуствуваа на сослушување во судот за време на нивниот развод во Санта Барбара во четвртокот, 31 август 2023 година, а Баумгартнер сведочеше дека пријателот на Костнер не ѝ е момче.

Кристин зборуваше за нејзиното јулско патување на Хаваи, каде што беше фотографирана со долгогодишниот пријател на Костнер, банкарот Џош Конор, богат финансиер кој живее во близина на вилата на ѕвездата во Карпинтерија, Калифорнија.

Кристин признала дека и покрај тоа што Џош ѝ дал 20.000 долари, тие не се забавуваат и дека таа делела соба со нејзината најдобра пријателка за време на нејзиниот престој на Хаваи, а не со Џош.

Костнер претходно изјави дека Кристин толку многу ги сака парите што неговиот пријател Џош ѝ дал 20.000 долари. Поточно тој сведочеше дека парите „неодамна ѝ биле дадени од нејзиното момче“.

Конор, кој живее во Санта Барбара, е долгогодишен пријател на Костнер и неодамна се разведе од сопругата Патриша.

Актерот ја обвини сопругата дека е романтично поврзана со него, но кога адвокатот на Баумгартнер отворено ја праша дали тој е нејзин дечко, таа цврсто одговори: „Не“.

Кристин била прашана и за 20.000 долари што ѝ ги дал Џош Конор, а таа пред судот рекла дека 10.000 долари од нив ѝ биле дадени на нејзината мајка „бидејќи била загрижена за состојбата на својата куќа“.

Таа низ солзи призна дека Костнер и плаќал на мајка ѝ само по 5.000 долари месечно со „години“, но исплатите престанале кога се развеле.

Баумгартнер рече дека му ги вратила преостанатите 10.000 долари на Конор „бидејќи сега не ѝ требаат“.

 

Слични објави

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо
Се вчитува....