16:01 - 14 ноември, 2026

(Фото) Амал Клуни во фустан како ноќница ја „растопи“ Венеција: Нереално убавата адвокатка почестена со награда

Сопругата на холивудскиот актер беше почестена на престижната церемонија на доделување награди.

Сопругата на Џорџ Клуни, Амал беше почестена за лидерство на наградите DVF за време на филмскиот фестивал во Венеција.

Адвокатката за човекови права Амал (45) изгледаше нереално убаво додека пристигнуваше во Сала дељи Араци за церемонијата на доделување награди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dimitris Giannetos (@dimitrishair)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TAB VINTAGE (@tabvintage)

Славната двојка позираше за 14-тиот годишен настан основан од дизајнерката Дајан фон Фурстенберг, кој ги слави извонредните жени кои се посветиле на промена на животите на другите жени.

Така, за таа прилика, Амал облече розов фустан од тантела налик на свилена ноќница или комбинезон, и рамни нежни сандали со металик ременчиња. Мајката на две деца беше дискретно нашминкана со доминантна палета на розови тонови. Обетките со дијамантчиња го комплетираа преубавиот моден изглед на Амал.

Нејзиниот сопруг пак, 62-годишниот американски актер Џорџ Клуни, изгледаше елегантно во црн костум, кој го носеше со малку откопчана темносина кошула.

Инаку, фустанот кој го носеше Амал е од есенската колекција на Кристијан Диор, дизајниран од Џон Галијано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WHOOPSEE (@whoopsee.it)

 

Слични објави

Дарио Панковски со емотивна исповед: Растев сам, немаше кој да ме научи како да одам низ животот

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус го покажа својот син Леоне кој ретко се појавува во јавноста

Еспресо

Душица Јаковљевиќ искрено за здравствената драма пред ТВ-камерите: „Сè ме болеше, ми навираа солзи, а мислеа дека сум пијана“

Е.А.

Дали греењето треба да работи цел ден или да го вклучувате по потреба? Експертите објаснуваат како да заштедите

К.С.

(Видео) Маја Шупут покажа како вежба за да ја одржи витката фигура, па се пошегува: „Кога овие 15 кг би ми паднале на глава…“

Еспресо

Јована Јеремиќ ја покажа дипломата од факултетот, тврди дека зборува пет јазици: „Сакам да ги нервирам квази интелектуалците“

Еспресо
Се вчитува....