6.8 C
Скопје
08:27 - 1 април, 2026

Една од најубавите жени во светот има коронавирус: Причината поради која одбива да оди во болница нема да ве остави рамнодушни (ФОТО)

Преубавата Олга Кириленко (40), една од најубавите жени и актерки во светот, боледува од коронавирус, но одбива да оди на болничко лекување.

Иако има милиони со кои може да си обезбеди било каде лекување, Украинката кажа дека не сака да го земе местото на некое повозрасно лице и на тие кои се борат за живот.

– Благодарам на сите кои ми испраќаат убави желби, преплавена сум со љубезност. Сакам да ја искористам оваа прилика да одговорам на најчесто поставуваните прашања, а кои се однесуваат на коронавирусот – кажала Олга.

Фото: Профимедиа

– Зошто не сум во болница? Бидејќи болниците се полни и примаат само пациенти кои се борат за живот, ако добро сум разбрала. Ми кажаа ако ситуацијата ми се влоши, тогаш да повикам итна помош – продолжила Кириленко.

– Каде сум тестирана? Во болница кога ме прими итната помош откако ги повикав, бидејќи температурата ми беше повеќе од 39. Како сум се тестирала? Ми земаа бриз од грло – продолжила актерката.

Таа кажала дека не знае каде го фатила вирусот.

– Каде сум го добила коронавирусот? Невозможно е да се знае. Може да е било каде. Може сум ја фатила вратата од таксито и сум го фатила од таму. На површината е. Скоро една недела температурата ми беше 38. Понекогаш и 38,5. Денеска се симна – кажала Кирилинко.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....