16:30 - 31 март, 2026

Едита се огласи по скандалот на настапот: Таа личност и претходно била на моите концерти, се однесува непријатно!

На социјалните мрежи се појави видео на кое Едита Арадиновиќ го турка лицето кое ја снима со телефон и го моли да не го прави тоа повторно.

По тој повод Едита реши да ја раскаже својата страна од приказната.

– Длабоко ја ценам мојата публика и секој што доаѓа на моите настапи, без оглед на тоа од каде доаѓаат и како се идентификуваат. За мене, музиката е простор на слобода, еднаквост и поврзаност – почна пејачката, а потоа продолжи:

– Сепак, има моменти кога е важно да се направи разлика помеѓу интимност и нарушување на личниот простор. На неодамнешниот настап во Сараево, едно лице од публиката, кое претходно беше присутно на моите концерти, се однесуваше на начин што лично ми беше непријатен.

Како што пејачката дополнително објасни, таа има граници што морала да ги постави.

– Секој што ме познава знае дека секогаш сум топла и отворена кон моите обожаватели, но имам и јасни граници кога станува збор за физички контакт и непочитување на личниот простор. Не станува збор за снимање, ниту за каков било вид дискриминација, туку исклучиво за моето чувство на непријатност во таа ситуација, кое би го имала без оглед на тоа за кого станува збор – рече таа и продолжи.

– Верувам дека е важно јавните личности да проговорат кога ќе почувствуваат дека е премината границата, не од непријателство, туку од потреба за почит и здрави односи со јавноста.

На крајот, Едита имаше порака за својата публика.

– Ви благодарам на сите прекрасни луѓе што доаѓаат, пеат со мене, го почитуваат просторот и енергијата — поради вас го правам она што го правам. Љубов секогаш, но со мерка и меѓусебно почитување – заклучи Едита.

@ja_sam_arsen Odgovor korisniku @mds0425 #fyp #viral #editaaradinovic ♬ original sound – Arsen

Слични објави

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.
Се вчитува....